namesp во 10:12
Одлуки кои секоја мајка треба да ги донесе
Редакција Рингераја, 6.1.2015
Ќе се помирам со фактот дека не сум совршена
Кога ќе станат мајки, жените во главно пред себе поставуваат невозможни цели кои им налагаат истовремено да завршуваат најмалку три работи, како да имаат шест раце и исто толку нозе и како да се совршен компјутер кој мора да има одговор на сите прашања. Е па драги наши, тоа воопшто не мора да биде така.
Верувале или не, на децата не им е потребна совршена, туку среќна и задоволна мајка. Значи, поставете си себеси разумни цели, кои можете да ги постигнете со леснотија во еден ден, водејќи притоа сметка и за времето кое треба да го посветите на игра, галење и лежење со своите малечки.
Ќе водам сметка за своето тело
Кога ги ставивте своите потреби над потребите на другите последен пат? Претпоставуваме дека многу мајки на ова би рекле”Одамна”, “Не се сеќавам” или “ Детето ми е на прво место”. Иако не сакаме да се мешаме во вашата приватност, ви советуваме барем еднаш неделно да посветите барем еден час исклучиво за себе.
Дали ќе си овозможите мала козметичка сеанса во купатило, одење на аеробик, или ќе се определите за некоја друга активност, зависи исклучиво од вашите афинитети. Поентата лежи во тоа да ги правите оние активности кои ќе го нахранат вашето его и ќе го подигнат нивото на самодоверба, по што ќе се чувствувате задоволна и среќна.
Ќе научам да се правам на “Тошо”
Додекасе децата мали, невозможно е да ги натерате да водат сметка за куќниот ред. Ако му дозволите на детето да си игра со коцки, не можете да очекувате после тоа да ги врати наместо. Тоа можете да го очекувате кога детето ќе наполни 5-6 години. А дотогаш, можете само да го насочувате и молчешкум да ги собирате играчките по него.
Меѓутоа, повеќето мајки до крајот на денот се уморуваат од собирање играчки, бришење, гланцање и останати куќни активности и така никого не треба да го чуди ако дотогаш мирната и насмеана жена одеднаш ќе полуди и ќе почне да негодува. За да не се случи тоа, обидете се да го прифатите фактот: куќата нема да биде чиста и средена додека децата ви се мали, исто како што и дворот во вашата куќа нема да биде чист додека паѓа снег.
Нема да го запоставам својот сопруг
Бракот е како растение – за успешно да се развива, да расте и да дава плодови, мора да се залие, да се плеви и прихранува. Меѓутоа, грижата околу децата бара многу енергија, време и нерви, така што ретко кој брачен пар има време по напорниот ден да се посвети еден на друг. Сепак и за тоа постои решение. Секоја недела, да речеме во петок, или во сабота, ангажирајте некој од роднините да се грижи за децата, а вие двајцата искористете го тој ден за да се посветите еден на друг. Ако финансиската ситуација не ви дозволува да одите на вечера, во кино или на театар, да организирате журка дома, со топли сендвичи, пијачка и со омилениот филм. Доволно е да ја слушате тишината, никој да не ви смета и да сте двајцата сами.
Нема да ги запоставам своите пријателки
Повеќето млади жени ги запоставуваат своите пријателки, кога ќе осниваат семејство. Секако, без нив може да се живее, но зошто да се откажете од оние со кои сте делеле добро и зло, пред да се омажите и да родите дете?
Притоа не мислиме дека треба секојдневно да се наоѓате со пријателките и да излегувате како некогаш, туку само да не ги заборавате и одвреме навреме да им се јавите на телефон. Тие ќе знаат да го ценат тоа и ќе ви се најдат при рака кога ќе ви дојде “жолта минута” и кога ќе посакате малку да се издувате.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
