|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Се сеќавате на вашето детство, нели?

Редакција Рингераја, 18.5.2015
Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, прескокнувавме ѕидови за да набереме некоја слива киселачка. Ролшуите и точаците беа наши превозни средства кон иднината...
Клучни зборови:

image
/11


 

Ги носевме клучевите од нашиот дом околу вратот, одевме сами од училиште до дома и дома останувавме сами додека не се вратат родителите од работа. Преминувавме прометни раскрсници кога ќе ни дадеа пари за мастика во форма на цигара, бидејќи немаше луди возачи. Светот запираше кога ќе видеше дете кое ја преминува улицата.

Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, прескокнувавме ѕидови за да набереме некоја слива киселачка.  Ролшуите и точаците беа наши превозни средства кон иднината. Нашите родители не оставаа да се возиме со точаци низ маало. Беа презафатени со читање весници, пиење пиво и гледање фудбал со комшиите.

Ни беше кажано да се вратиме дома кога ќе се стемни, ни секунда порано.

Ние нашите деца ги родивме доцна. Можеби и предоцна. Сега сме изморени, истоштени и депресивни. Се колнеме дека не се каеме што сме чекале толку долго за да станеме родители, бидејќи сме граделе кариера и сме штеделе пари за нашите деца да живеат нормално.

Ги носиме нашите деца  на часови по кошарка, балет, на часови по свирење на харфа и чело, пливање и на роденденски забави. Инсистираме на такви активности за децата да бидат социјални битија, интелектуални, креативни и компетенти кога ќе пораснат.

Ретко ги оставаме надвор од наша контрола. Нивниот квалитет, издржливост, нивниот расцут целосно припаѓа  на внимателно измерените интернационални стандарди. Посесивно ги носиме во слинг марами и колички како мали, ги носиме на часови во предучилишна возраст и им даваме GPS кога ќе станат тинејџери.

Тие спијат во нашите кревети до средно училиште.

Ангажиравме бебиситерки до нивната деветта година, приватни учителки за да ги научат мајчин јазик и математика кои имаат добро потковано CV и сертификат, кои имаат добра референца и кои не служат само за чување на нашите деца туку со нив изработуваат и оригами, го читаат Шекспир и ги подучуваат нашите деца за филозофијата на мандарините.

Наградата му беше дадена на едно од 256-те деца кое победи во трката, имаше највисок резултат на тестовите и продаде најмногу колачиња во цела населба. Ние бевме лузери. И тоа ни беше ОК.

Медали, трофеи, победнички ленти и златни сертификати ги красат ѕидовите на детските соби. Полниот регал со книги е украсен со дипломи и победнички ленти.

Нашите оброци доаѓаа од тенџерето на баба, од сукалото на мама, од кутијата, од замрзнувачот. Шлагот го обојувавме со згмечени јаготки и малини, а дневната доза на витамин ц за извлегувавме јадејќи жива пиперка полнета со сирење. Не се осмелувавме да им кажеме на родителите дека не ни се допаѓа храната. Моравме да изедеме се' што имаше во чинијата, бидејќи ни повторуваа дека додека ние фрламе храна – некои деца во светот гладуваат. Ако не ја изедевме вечерата - имавме двоен појадок.

Сега, како родители ние сме робови на идеалот за здрава исхрана, во кујната.  Им подготвуваме на децата безглутенска храна, органска храна од домашно производство, без хормони, избалансирана и во огромни количини. Тоа што нема да го изедат нашите деца можат слободно да го исфрлат, бидејќи секој оброк треба да биде направен најмногу 15 минути пред  јадење.

Во нашата младост, ние одевме во хор. Чистевме подови, диплевме алишта, бришевме прашина, перевме автомобили, косевме трева.  Ни плаќаа за тоа. За да заработиме моравме да купиме весник, да го исфрлиме ѓубрето, да одговориме на телефон и да трчаме да фатиме маса во ресторанот.

Многу години подоцна, кога нашите деца ќе пораснат, ќе ни забележуваат што сме ги сакале многу силно, што не сме ги научиле како да живеат самостојно, како да заработат, што не сме ги оставале да прават повеќе грешки, што не сме биле построги со нив. Ќе ни замерат дека им требала поголема независност, помалку време за пред телевизор, помалку параноја, повеќе пријателства и повеќе страв од кликање на интернет линкови.

 

Основниот инстикт за одгледување деца не се променил низ годините. Се уште е многу тешко да си родител. Исто како и генерациите родители кои дошле пред нас и ние ќе успееме да го избереме вистинскиот пат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 начини за зголемување на IQ на вашето дете
IQ е збор со кој се соочуваме редовно во текот на нашите животи. Како што сугерираат студиите, луѓето со поголемо IQ има...
3
Како да израснете независни деца?
Секој родител сака да го направи животот на своето дете што полесен. Но, она што ќе му го олесните денес, ќе направите д...
3
Синдромот средно дете - мит или вистина?
Ако сте средно дете или имате брат или сестра што е средно дете,или пак сте родители на три или повеќе деца, сигурно ќе ...
3
Училишен прибор за секое дете од домот 11 ...
»Рингераја семејството е и нивно семејство – растеме заедно со децата без родителска грижа! «ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – училиш...
3




Анкета

kako da se vika?
lukas

ime za nasata idna princeza.. :)

Lina (36%)

Leona (42%)

Lusija (21%)


Број на сите гласови: 154

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!