Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Излишно е да се коментира колку мајките ги сакаат своите деца и колку се обземени со нив кога се бебиња. Тие својата љубов ја искажуваат на илјадници начини. Иако малите бебиња сеуште ја немаат способноста за изразување љубов преку зборови, мајките многу добро ја чувствуваат возвратената љубов на своите бебиња, кои на разни невербални начини велат “Те сакам мамичке”!
Како мајките препознаваат дека бебето ги сака?
Кога во средината на ноќта бебето ќе престане да плаче штом мајката ќе му се приближи и пред да почне да го храни, тоа значи дека го чувствува мајчиното присуство, иако е старо само неколку недели. Мајчината близина ги смирува бебињата, а допирот лице на лице ќе го смири и најплачливото и најтажното бебе.
Бебињата го сакаат мајчиниот глас и мајчиното пеење
Можеби на возрасните и не му е баш драго да го слушнат вашето ѕвонливо пеење, вашето бебе го обожава. И не само тоа, ако престанете, бебето ќе почне да плаче сакајќи уште да ве слуша.
Секогаш се смее на вашите игри
Игрите со бебиња се неограничени и секогаш иновативни. Дали во играта бебето ќе стане авионче, или само ќе го скокоткате на стомачето, бебето со својата смеа ќе ви покаже колку многу ужива во вашите заеднички моменти.
Бебето ги возвраќа бакнежите
Откако во првите неколку месеци на живот го избакнавте бебето милиони пати, бебето ја запомни вашата постапка, па сега и тоа ве бакнува вас. До душа тоа не е вистински бакнеж, туку бебешка лигава варијанта со широко отворена уста. Но вие уживате!
Зборува со вас
Иако тоа не е вистински говор со зборови и реченици, бебето со гугање се обидува да воспостави комуникација со вас и да ви каже колку ве сака.
Ве бара низ просторијата
Уште пред воопшто да знае да изрази што сака, ќе забележите дека штом се оддалечите од него, бебето ќе почне да ја врти главата и да ве бара.
Лицето на бебето ќе “процвета” кога ќе ве види
Независно од тоа дали сте во близина или во сосема друг агол од просторијата, штом воспоставите комуникација со поглед и се приближите, вашето бебе едноставно ќе ги рашири очињата, а вашата мајчинска љубов тогаш ги надминува сите граници.
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?