|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детски хороскоп: Дете Рак

Редакција Рингераја, 18.9.2014
Чувствителни, емотивни, загрижени...Како да одгледувате дете родено во знакот на Рак?

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува начинот на однесување на детето, од неговото раѓање па се до поголема возраст.

(0-2) години

Бебињата Ракови се “Месечевите деца”, бидејќи се единствен знак на кој влијае земјиниот сателит – месечината. Тие имаат многу нежни чувства и многу им е потребно искажување на емоции. Делуваат премногу чувствително, бидејќи Месечината е најбрзата планета и најчесто го менува влијанието. Најјака врска имаат со мајката и ќе им биде потребна нејзината близина секогаш. Некогаш се многу мирни и весели, а некогаш видно вознемирени и нерасположени, но никогаш не се рамнодушни. имаат проблем со силен излив на емоции, а ако блиските лица не ја разбираат нивната состојба, можат да покажат исклучителен бес или навреденост. Многу е важно да имаат воспоставен дневен ритам и опкружувањето да им биде пријателско и познато.

Малите ракови учат и усвојуваат знаења за сите појави околу себе со емотивност и чувствителност и секогаш за се имаат емотивен став, а своите активности ги делат на омилени и неомилени. Многу рано покажуваат кои бои ги сакаат и многу се врзани за омилената играчка. Обожаваат пријатен простор и нежни, пастелни бои во своето опкружување. Се движат внимателно, а најголем поттик ќе им биде бакнежот од мама или баба. Понекогаш можат да бидат многу срамежливи, затоа е многу важно полека да се ослободат. Никогаш не го форсирајте вашето дете, ако не сака да направи нешто.

 

(2-4 години)

Интересна возраст за малите ракови. Повеќе ќе сакаат да им зборувате, отколку тие да зборуваат. Книгата  со приказни им е многу интересна, а во состојба се да ги гледаат омилените цртани филмови повеќе пати. Треба да знаете дека моториката и спортските склоности во овој период им се слабо изразени. Од друга страна, емотивната зрелост и врзувањето за драгите лица се одлика на овој период. Социјализацијата во почеток е многу бавна биидејќи покажуваат пречувствителност. Но кога ќе се поврзат со само еден врсник од групата, проблемот е потполно решен.

Малите припадници на овој знак обожаваат да спијат па, ако одат во градинка мораат да легнат доволно рано за да го запознат новиот ден без нервоза. Ако вашето дете направило нешто што не треба, немојте да го казнувате. најчесто е доволно да го опоменете и да му покажете дека сте тажни заради неговата постапка.

 

(4-6 години)

Во оваа возраст настапуваат големи промени. Додека беа мали и се однесуваа како бебиња, барајќи го сето внимание кое можеа да го добијат, сега може да ви се чини дека нагло пораснаа. Баш на возраст од 4-5 години, децата Ракови почнуваат да покажуваат грижа за лицата кои ги сакаат. Ќе бидат многу загрижени за мама ако забележат дека е тажна или болна.  Дури и ако не прашуваат многу за проблемите, тие ги чувствуваат. Овие деца ги впиваат емоциите од опкружувањето и длабоко во себе ги задржуваат сите емоционални сеќавања. Овие деца сакаат да учат за природата, за животните, а најмногу за морските длабочини.

Се препорачува да си играат со тесто, да прават накити и украси од тестенини, или да цртаат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што преживеав во првата година од мајчинст...
Како што сите знаеме, првиот роденден на детето е вистинска забава за родителите. Не прославувате само обичен роденден к...
4
Како да ја научите ќерката да биде дама?
Вашата ќерка може да биде убаво воспитана, нежна, уредна и чувствителна девојка која никогаш нема да има проблеми во одн...
3
Бабарога е жива! Има ли шанса кај нашите д...
Камилицата и ракијата ќе ја победат секоја настинка, ќотекот е излезен од рајот, а ако тоа не пали, ќе се појави бабарог...
3
Топ 5 правила за родители на тврдоглави деца
Секое дете има своја личност, а некои од нив уште од најмала возраст покажуваат силна волја, јасни ставови и непоколебли...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?