|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Во овие моменти потребно ви е екстремно трпение!

Редакција Рингераја, 12.1.2015
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти кога ви е потребно екстремно трпение. Ова се некои од тие моменти
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Сакавте само една минута за вас, но нема

Еден ден ги барав лековите кои не сум ги ставила на нивното место. Се загрижив дека сум ги загубила некаде низ куќата и дека може детето да ги најде. Ќерка ми влезе во спалната соба. “Мамо, можеш ли да ми го најдеш трикото за вежбање?” Да те потсетам, часовите за танцување ти се утре. Душичке, те молам остави ме една минута, барам нешто многу важно. ОК, рече. Стоеше пред вратата. По една минута: “Мамичке, најди ми го трикото. ” Грррррр.

 

Хаосот во детската соба се враќа повторно и повторно

Само што завршивте со суредување на детската соба, односно ја исчистивте подобро од било кога и наеднаш БАМ! Вашето дете повторно ја истури цела корпа со играчки и почна да ги расфрла насекаде.

 

Ред за плаќање во супермаркет

“Остави го тоа веднаш! Не може да го земеш тоа лижавче. Да, таа госпоѓа ставила многу во количката, но можеби се големо семејство. Тоа што купуваат другите луѓе не е наша работа, среќо. Ние не јадеме Доритос дома. Нема да ти кажам зошто во овој момент. Престани да ја ставаш куклата во количката. Реков НЕ за секое лижавче. Да, тетката во магазинот има големи гради. И тоа лижавче остави го! Не треба да се расправаме во супермаркет или ќе не исфрлат надвор.”

 

Борба за време на ручек

Вие: “Те молам, изеди го топеното сирење”

Детето: Гледа во топеното сирење

Вие: “Те молам, касна само неколку пати, не можеш ли повеќе?”

Детето: Гледа во топеното сирење

Вие: “Но, душичке, тоа ти е омилено јадење”

Детето: “НЕ”

Вие: Воздишка.

 

Во чекалната кај педијатарот

Што поминува низ вашиот ум: Треба да чекаме 45 минути? Дали кај докторов важи закажан термин? Моето дете изгледа мизерно, ова не е добро. Мислам дека играчките оставени тука се предисториски и многу валкани. Се прашувам колку долго вирусот на грип може да живее на играчките? О Боже, мислам дека она дете има сипаници. Што ли ќе фатиме седејќи овде и дишејќи го овој воздух? Ако треба да почекам уште малку си барам нов педијатар. Тој мисли дека немаме ништо попаметно освен да чекаме во ризница на вируси 45 минути? ЌЕ ГО ТУЖАМ!

 

Не може ли баш никогаш да останете чисти покрај вашите деца?

Таа не си го избриша носот од мојот најнов фустан. Не си го избриша.

 

Родителство со роднини

Тие ви мислат добро. Но кога вашата свекрва или вашата тетка, ќе ви поентираат нешта за дисциплината, хранењето, облекувањето и другите нешта, вие се воздржувате да не кажете: “Ви велам за последен пат. ЈАС СУМ ОВДЕ МАЈКА!”

 

Тактики за успивање

Сака чаша вода. Мора да оди во тоалетот. Дали знаеш дека класот следната недела ќе оди да го посети големиот аквариум? Чекај, ова ќебе ми се изврти, намести ми го. Сега ене го стои на вратата кажувајќи ви дека не му се спие. Всушност, му се пие уште малку вода. И некако е гладен. Утре имаат час по природа на училиште! (Се повторува, се повторува, се повторува)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие ќе прават добри избори и со самото тоа ќе бидат д...
4
Бракот по децата
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за секој пар.
4
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
4
Домашна задача за летниот распуст
Една учителка од Калесија им дала на своите ученици задача за летниот распуст
4




Анкета

Ime
Jana9

ime

Gorast (0%)

Teodor (50%)

Milos (50%)

Andrej (0%)

Dario (0%)

Todor (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!