|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува лошо?!

Редакција Рингераја, 18.4.2013
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да не го прави тоа? Негативното или лошо однесување на децата го забележува секој родител, но нивната реакција е различна

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Некои родители го прифаќаат таквото однесување на детето како нормално и карактеристично за одреден период од развојот, а други имаат потреба да го променат во моментот. Секако, важно е да знаете дека, иако Вашето дете не се однесува како што сакате Вие или општеството, е нормално за секое дете, иако е добро воспитувано. Но, негативното однесување на детето не би требало да помине незабележано, ниту без последици. Секако, потребно е тоа да се менува, но трпеливо, полека и без очекување дека ќе се промени преку ноќ.

 

Негативното однесување е начин да се привлече внимание

Вниманието на родтелите е она што му е најважно на секое дете. Детето ќе направи се за да го добие, а често со негативно однесување.

Погрижете се да му поклонувате повеќе внимание на детето. Пофалете го, интересирајте се за се што прави и соработувајте со него. Така Вашето дете нема да има потреба да прави лоши работи за да привлече внимание. Дајте му до знаење и покажете му дека за убаво однесување се добива поголемо внимание.

 

Почесто им кажуваме што не треба да прават, а ретко што треба

Најчест начин на решавање на проблемот со лошото однесување е да му се каже што лошо направило и да се предупреди да не го прави тоа повеќе. Проблемот е што на децата стално им говориме што да не прават, а многу поретко што да прават. На пример ако е детето упорно во тоа да оди босо, наместо да му повторуваме да не оди босо, бидејќи ќе се разболи, можеме да му кажеме да оди босо, но само по тепихот. Или ако упорно црта по ѕидовите кажете му дека сте слушнале колку добар сликар е и дека сакате да Ви нацрта една слика на хартија, која ќе ја урамите.

 

Бидете добар пример!

Многу родители попуштаат на детските барања, ако се однесуваат неубаво со цел да добијат што сакаат. Тоа е линија на помал отпор и едноставно решение. “Ако му дадам што бара ќе ме остави на мир и ќе престане да цимоли”.  Да, ќе престане, но тоа ќе си го земе како образец на однесување и секогаш кога нешто сака, а не може да го добие, ќе се однесува лошо.

Задача на родителите е да им бидат  добар пример на своите деца. Ако сакате Вашето дете да се држи до договорот, морате да  се држите и Вие. Ако сакате да биде пристојно кон другите луѓе, ниту Вие не смеете да се препирате со соседот на сред улица.

И запомнете, немојте да се грижите што Вашето дете понекогаш не слуша, грижете се за тоа што постојано Ве гледа.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Играчките и децата
Играчките не се „само нешто да го заангажира вашето дете додека готвите“. За детето, играчката е првиот пријател, првиот...
3
Како да израснете великодушно дете?
Децата од предучилишна возраст се во процес во кој ќе ги развијат своите социјални вештини. Пријателството добива поголе...
3
Кога да го оставите детето само дома?
Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
3
Помалку играчки - посреќнo дете?!
Употребата на премногу играчки не е предност, туку ограничување за детето. Дознајте зошто:
3




Анкета

Doenje
AnMari

Koga prestanavte da go doite deteto?

na 2 god (100%)

na 3 god (0%)

na 4+ god (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!