Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Ова значи дека Вашето дете ќе има прилика да ја развие великодушноста – да му го даде лопатчето на своето другарче, или да ги подели своите колачиња. Ова нема да се случува секогаш кога Вие би сакале, туку само кога детето ќе сака.
Добрата вест е дека оваа недоследност во однесувањето е сосема нормална. Децата од предучилишна возраст сеуште мислат само на себе. За нив личните работи имаат голема вредност и не сакаат да ги делат лесно. Ние мислиме дека играчката е само пластичен војник, или обична Барби кукла, но всушност таму е заклучен идентитетот на детето.
Сепак, предучилишните деца имаат свои моменти на великодушност и секако на Вас останува да ги искористите за да го поттикнете таквото однесување. Добар начин да се започне е ако се фокусирате на подарување.
Што можете да направите?
- Демонстрирајте великодушност: Учењето по пример е еден од најефикасните начини да влијаете на однесувањето на Вашето дете. За време на појадокот прашајте:”Сакаш залаче од мојот сендвич? Дозволи ми да го поделиме”. Споделувајте исто така и во некоја забавна активност:”Јас ја наводнувам градината, дојди заедно да го правиме тоа.” Колку повеќе го користат зборот споделување, толку порано ќе го научат неговото значење.
- Дискутирајте за туѓите желби и потреби: “Потрудете се да го социјализирате Вашето дете, покажувајќи му дека постои свет, поголем од него”. Ако Вашето дете каже во самопослуга:“Сакам чоколадно млеко!”, можете да му одговорите: “Добро, тоа е она што ти би сакал. Сега што мислиш, што би сакал татко ти? Што да однесеме дома за него?” На тој начин не велите:”Еј, не биди себичен” туку на великодушен начин му покажувате дека треба да се грижи и да биде свесен за потребите на другите.
- Научете го Вашето дете дека споделувањето може да биде привремено: Детето ќе се чувствува подобро кога ќе знае дека ќе ја добие својата играчка назад. Објаснете му:”Ема само ја позајмува твојата кукла во моментов. Таа нема да ја земе дома. Играчката сеуште ќе биде твоја откако Ема ќе си отиде”
- Покажете дека се спротивставувате на себичноста: Имајте цврст и конзистентен став секогаш кога во Вашето семејство ќе се демонстрира себичност. :”Не ми се допаѓа што ги земаш сите играчки за себе” или “Во нашето семејство делиме се'. Дозволи му на брат ти да земе од твоите играчки”. Не ги казнувајте своите деца доколку се себични. Тоа ќе ги направи повеќе пркосни, а не повеќе великодушни.
- Пофалете ги! : Кога Вашето дете ќе подели нешто кажете му колку Ве направило среќни. “Толку е убаво што ги подели своите бонбони со мене!” или “Горда сум на тебе што и ја даде својата кукла на сестра ти да игра со неа”. Детето ќе биде среќно што сте задоволни, а великодушното однесување ќе стане нешто сосема природно и нормално.
- Оставете неколку играчки настрана: Не е лесно да се сподели се. После се' сигурно не сакате Вашиот комшија да го вози Вашиот нов автомобил. Вашето дете полесно ќе научи да споделува, доколку знае дека неколку омилени предмети се само за него. Ако доаѓа неговото другарче, а Вашето дете е особено посесивно кон некои играчки, сокријте ги пред тоа. Кажете му на детето дека не мора да ги сподели, затоа што се посебни за него, но објаснете му дека со другарчето ќе треба да ги сподели сите други играчки.
- Дозволете му на детето да учи од врсниците: Вклучете го детето во некоја битка за играчки, во која детето ќе научи како да прави компромис, бидејќи ќе сфати дека со себично однесување може да ги изгуби другарите.
- Најдете ги причините за неговата себичност: дали Вашето семејство само што се пресели? Дали миленичето на Вашето дете неодамна почина? Понекогаш детето присвојува сопственост ако се случила некоја голема транзиција во неговиот живот. Во тој случај “Детето се поврзува со нешто, затоа што има потреба од дополнителна безбедност”. Обидете се да не се фрустрирате. Дајте му време на детето да го надмине тешкиот период и задржете ги лекциите за великодушност за подоцна.
Дајте му на Вашето дете пример за великодушност. Бидете со нас и дадете барем една "ПРЕГРАТКА НА ДАР" |
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?