|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Го знаете она: на сред продавница врескање и тропање со нозете затоа што не сакаме да му купиме играчка или чоколатце?
Клучни зборови:

image
/11


Сигурно сите родители некогаш доживуваат напад на тврдоглавост кај своето дете коj навистина може да изгледа страшно. Го знаете она: на сред продавница врескање и тропање со нозете затоа што не сакаме да му купиме играчка или слатко? Вашето дете може да направи „сцена“, а вие сакате да пропаднете во земја, затоа што не знаете како да го смирите.

Кои се причините за таквото однесување и како да го „скротите“ детето?

Факт е дека тврдоглавоста на возраст од 2, 3 години е некако нормална појава. Можеби вам ви изгледна чудно, но така е.
Во втората година од животот детето почнува да станува самостојно. Почнува да формира свој сопствен свет во кој полека ги открива своите способности и при тоа открива дека многу работи може да прави само. Се почесто од него ги слушаме зборовите „сам ќе“, затоа што навистина станува се повеќе самоуверено.

Но, на детето не секогаш му оди по планот и тука се покажуваат последиците: луто е и вознемирено, тропа со нозете, вреска, во најлош случај дури и се фрла на под каде што го продолжува својот револт. Морате да разберете дека детето тоа не го прави за да ве налути вас или по секоја цена да ви „контрира“. На тој начин тоа изразува разочарување заради својот неуспех. Разочарано е, затоа што не оди се така како што очекувало или затоа што не може да го добие тоа, што го сака.

Како да се реагира?

Иако сте шокирани, на тврдоглавоста на детето никако немојте да одговарате со лутина и викање. Најдобро е мирно да му објасните зошто некоја работа не му успеала, односно зошто не може да го добие она што го сака. Вашата близина и чувство дека го разбирате и сакате, ќе му помогне да разбере дека неговиот неуспех не значи потполн пораз. Со мирна реакција треба да му кажете дека со лутина и викање нема да го постигне тоа што го сака. Детето мора покрај својот свет да го запознае светот и на другите луѓе во кој постојат одредени правила. Мора да се научи на почитување на другите, прилагодување и договарање. Едноставно, мора да разбере дека не може секогаш да го добие она што го сака, дека имаат и другите луѓе свои потреби и дека затоа мора понекогаш да се откаже од некои од своите желби.

Што можете да направите за да ја ублажите тврдоглавоста на детето?

Тврдоглавоста не можеме целосно да ја спречиме, всушност, и не смееме. Таа е некако неизбежно зло на патот кон растењето. Можеме единствено да се обидеме да ја ублажиме или на неа да се подготвиме така што во клучните мигови не го губиме разумот. Ако вам често ви се случува детето да го зафати тврдоглавост при купување, чувајте се до одредени договори. Пред да влезете со него во продавница, договорете се што може да избира, т.е. што ќе му купите. Така ќе има јасно зацртани граници и во продавницата нема да манипулира со вас. Ако тој ден не планирате да му купувате ништо, тоа објаснете му го пред излегување. Можете на пример да му ветите дека некоја работа (на пр. шпагети ) може да избере сам. Залажете го со работи кои ќе му дадат чувство на важност. Таа стратегија искористете ја и тогаш кога нападот на тврдоглавост веќе се приближува. Брзо пренасочете му го вниманието и ќе заборави што всушност сакало да постигне. Тврдоглавоста може да се избегне ако му поставите правила.

Ако планирате да одите некаде со него, кажете му го тоа порано за да се подготви. Ако го прекинете токму на половина од играта постои голема веројатност дека ќе се побуни и нема да сака да оди никаде. Со тврдоглавоста понекогаш не е лесно да се борите, но морате да бидете трпеливи и испадот на детето да го поднесете што е можно помирно. Ќе ви се исплати! Тешете се дека тој период е минлив и дека наскоро ќе дојде време кога вашето дете полесно ќе се прилагодува. Револтот (барем за неколку години) ќе се заврши.

Некои од советите на тема тврдоглавост и нејзино „справување“ може да побарате и на форумите Бебе и Дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4
Што треба да јадат немирните деца?
Истражувањата потврдија поврзаност на лошата исхрана со пореметувања во однесувањето, дури и со помал коефициент на инте...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?