vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кај многу луѓе тоа е време и за нови познанства, како и нова љубов. Овде ќе проговориме за тоа колку долго трае летната љубов.
Местото не е важно, може да се покрај морскиот или езерскиот брег, некоја планина, или непознат град кој сте го избрале за одмор. Таму среќавате интересен маж кој Ви се допаѓа и наскоро дознавате дека привлечноста е взаемна. Следат недела или две исполнети со забава и љубов. Со приближувањето на крајот на одморот се прашувате како ќе продолжите понатаму. Освен ако не сте од ист град разделбата е неизбежна.
Ако и за двајцата тоа била една пријатна врска, без обврски, може да се разделите како пријатели и да ги зачувате убавите спомени. Но ако од привлечност врската преминала во вљубеност тогаш проблемот е посложен. Праксата покажала дека обично ваквите врски не траат долго. Со текот на времето и раздалеченоста спомените избледуваат. Враќањето во средината во која живеете и во стариот круг на пријатели и познаници, а и можноста да сретнете друг човек, се само дел од причините да заборавите на летната љубов.
Но секое правило има и исклучоци. Понекогаш таквите врски опстојуваат, бидејќи кога двајца се сакаат тие ќе најдат начин да бидат заедно.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...