Женската убавина започнува со косата, затоа проследете ги следните 7 секојдневни навики кои го уништуваат токму нејзиниот квалитет
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Свесни сте дека имате тенко влакно, но сепак одлучувате да ја носите косата врзана. “Коњското опавче” е најпрактичното решение, но ако се практикува долго време може да ја уништи косата. Стегнатото коњско опавче ја оштетува фронталната линија на местото каде што е врзано, а тоа може да предизвика трајни последици. Време е за промена, ослободете се од коњското опавче.Неправилно “играте” со расцветаните врвови – многу девојки кога ќе видат расцветан врв, го кинат. Но, тоа е голема грешка. Со кинењето, вие го тегнете влакното непотребно, а тоа влијае негативно не само на неговиот изглед, туку и на самата фоликула од која расте, со што повторно се јавуваат несакани последици за квалитетот на косата. Со ножички отстранете го расцветаниот дел.Со груби крпи ја сушите косата – поради што таа го губи сјајот, станува мека и лесно кршлива. Кога најмногу брзате, бидете најбавни. Кога е косата во прашање и најмалите грешки скапо ќе ги платите.Ја миете косата секојдневно – убедувајќи дека ќе биде беспрекорно чиста и сјајна, а како резутат ќе добиете мрсна коса, која ќе се обидувате да ја вратите во нормала со години. Заборавете ја оваа навика.Користите несоодветни шампони и често ги менувате – само поради тоа што пријателките ви го препорачале најновиот од колекцијата. Сетете се дека шампоните наменети за сува и оштетена, се премногу агресивни за нормалната и мрсната коса. Спротивно, шампоните наменети за мрсна коса, премногу ја сушат и не се соодветни за сувата.Ја сушите косата со фен додека е мокра и од неа течат капки – на овој начин косата ќе се суши подолго време и се ризикува да се дојде до пресушеност и оштетување. Заборавете ја оваа секојдневна навика колку и да брзате.Свесно се чешлате таму каде што е најзаплеткано – со што ризикувате да се скине влакното и трајно да ви се оштети квалитетот на косата. Бидете трпеливи, ќе ви се исплати!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Нема замена за вода!
Во една работа можат да се согласат медицината и алтернативната медицина, кога станува збор за исхраната, а тоа е дека:...
4
pH вредноста на кожата
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против надворешните влијанија.
3
Совети за здрава бременост
Побарајте што повеќе информации за прекрасните промени на вашето тело. Хранете се здраво и рамномерно...
3
Зошто децата ја сакаат Кејт Мидлтон?
Сака зајачиња, кучиња и мачки, мириса на малини, убаво црта, има прекрасна насмевка...Таа припаѓа на кралското семејство...
3