|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тест: Каков родител сте?

Редакција Рингераја, 7.4.2014
Според истражувањата на психолозите, постојат три типови на родители: попустливи, рестриктивни и урамнотежени. На кој тип му припаѓате вие? Решете го овој тест без многу размислување, а потоа погледнете ги резултатите

image
/11


 

1. Бабите на детето постојано му даваат колачи. Вие

а) ќе дозволите детето да јаде колачи

б) строго ќе забраните

в) ќе дозволите колачи само по ручекот

 

2. Вашето дете отвори кутија со копчиња и ги расфрли по цела соба. Вие 

а) ќе му помогнете на детето да ги собере

б) ќе му наредите веднаш само да ги собере

в) ќе му кажете дека нема цртани филмови додека не ги собере

 

3. Вашето дете во игра изгреба друго дете. Вие

а) “Нема врска, тоа е само игра”

б) “Сега ќе видиш ти колку боли тоа”

в) “Мислам дека треба да разговараме”

 

4. Не се чувствувате добро, а вашето дете бара внимание. Вие

а) ќе заборавитена главоболката и ќе редите коцки со него

б) ќе го повикате сопругот да си поигра со детето

в) ќе ја повикате вашата мајка и ќе ја замолите да ви помогне

 

5. Колку правила на однесување сте поставиле дома?

а) Нема никакви правила

б) Постојат многу правила и казни ако се прекршат

в) неколку правила кои се однесуваат на безбедноста  на детето

 

6. Го направивте омиленото јадење, а вашето дете одбива да јаде. Што ќе направите?

а) ќе направите друго јадење само за него

б) ќе го терате да јаде на сила

в) ќе одредите колку залаци мора да касне за да добие парче торта.

 

7. Вашето дете секогаш бара да се мочка кога ќе треба да спие. Како се однесувате?

а) го пуштате да се мочка

б) го праќате право во кревет, што и да се случи

в) секоја вечер му повторувате што треба да направи пред да легне.

 

8. Вашето дете се однесува неубаво кон сопругата на ваши пријатели. Вие

а) го оставате, бидејќи и вас не ви се допаѓа таа личност

б) ќе се налутите и ќе го казните

в) го потсетувате на правилата за добро однесување

 

9. Го зедовте детето во маркет, а тоа сака да му купите играчка која не ја планиравте. Како ќе се однесувате?

а) ќе му ја купите играчката за да се смири

б) ќе се налутите и ќе го напуштите маркетот

в) ќе продолжите по планот, а на детето ќе му купите чоколадо

 

10. Колку често се лутите на вашето дете?

а) ретко

б) секој ден

в) еднаш неделно

 

Резултати: Соберете колку одговори сте имале под а) б) в). Најголемиот број на заокружени одговори открива каков родител сте.

 

ТИП “А” – Попустлив родител

Вие се однесувате кон детето како да е возрасно и како да може само да донесува одлуки. Не му поставувате многу правила, освен околу хранењето и одржувањето на хигиената. Ваквото дете може да има проблеми кога ќе порасне, бидејќи тешко ќе се носи со правилата на однесување на училиште.

 

ТИП “Б” – Рестриктивен родител

Многу барате од детето, му поставувате крути правила без многу размислување и очекувате да ги почитува. Прилично сте строги и ризикувате вашето дете еден ден да стане личност со недостаток на самодоверба  и потешкотии во донесувањето на одлуки.

 

ТИП “В” – Урамнотежен родител

Доста барате од детето, но и давате за возврат. Отворени сте за разговор, поставувате правила и објаснувате за што служат. Вашиот однос со детето е заснован на почитување и развивање на позитивни чувства, така што вашето дете има основа да стане урамнотежена личност.

 

Веројатно се прашувате кој тип на родител е најдобар. Искуството на психолозите покажува дека најпримерен родител е овој кој знае вешто да го комбинира своето однесување “од секој тип по малку”.  Родителот треба да препознае какви последици може да остави неговото однесување кај детето и треба да се корегира.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детски сексуални игри
Многу честа игра на децата од предучилишна и рана училишна возраст е испитување на гениталиите на други деца. Ваквото од...
3
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
3
Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?