vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Доцното прозборување може да биде секундарен знак за некое нарушување, како специфично јазично нарушување,нарушување во социјалната комуникација, аутистичен спектар на нарушувања, потешкотии во учењето,интелектуални или други развојни нарушувања.
Фактори на ризици за појава на доцнење во развојот на говорот
Вообичаени фактори на ризик се :
Одложен развој на моторните вештини
Ниска родилна тежина / предвремено раѓање
Семејна историја на доцни говорници
Ниво на образование на родителите
За борба против овие фактори на ризик (секогаш можете да превземете мерки за да им помогнете на децата ):
Внимавајте на добрата пре - и постнатална нега
Изложете го детето на вокабулар, граматика и разновидни социјални ситуации
Создадете одговорни средини за учење
Читајте, читајте, читајте со своето дете
Создадете структурирани и неструктурирани можности за игра (и двете се подеднакво важни)
Почнете со навремена говорна терапија доколку е потребно
Како изгледа едно дете кое е доцен говорник?
Дете кое доцни со зборувањето или има доцна појава на говор, може да има некоја од следниве карактеристики:
Одложено стекнување вокабулар: помалку од 50 зборови до 24 месечна возраст
Не прави комбинации од 2 збора до 24 месечна возраст
Намалена е употребата на гестови
Бавен е развојот на структурата на речениците
Одложен е развојот на артикулацијата
Тешкотии во разбирање на говорот
Незрел фонолошки развој
Дали детето ќе ги стигне врсниците?
Ова е прашање на кое е тешко може да се одговори. Многу родители се прашуваат, дали моето дете е доцен прозборувач или дали моето дете има развојни потешкотии ?
На ова прашање може да ви одговори специјалист педијатар, дефектолог, логопед или невролог.
Затоа штом забележите некои отстапувања во развојот и говорните развој кај детето, обратете се кај неговиот педијатар или побарајте совет и преглед од логопед кој ќе ве насочи што да превземете понатака.
Раната детекција и интервенција е клучна во постигнување на посакуваните резултати.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?