Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Понекогаш е убаво да се потсетиме дека светот е претежно населен со добри луѓе, да се потсетиме дека кога имаме ужасен ден, ќе дојде добрата вила да ни помогне.
Обично работите не одат така. Обично луѓето околу нас повеќе не осудуваат и критикуваат отколку што ни помагаат. Прочитајте ја оваа приказна за да верувате во добрината на луѓето:
“Бев во игротеката во големиот трговски центар кога видов мајка која заспала на столчето. Можете ли да верувате? Дали требаше да повикам полиција? Што ако некој ги повредеше или киднапираше нејзините деца?! ”
Но Tara Jean не го направила тоа кога забележала дека преморената мајка спие во игротеката Fun 4 Kidz. Помислила: “Овде е толку бучно, па јас се чудам како е воопшто можно таа да заспала – мора да е екстра преморена.”
Наместо да ја осуди, Tara Jean решила да и помогне. Додека мајката спиела, таа напишала отворено писмо на својата страница на Facebook:
“Драга преморена мајко, ти која спиеш во игротеката Fun 4 Kidz, внимавам на тебе. Твоето малечко девојче беше жедно, му дадов вода. Си ја удри главата спуштајќи се по големиот розев тобоган, а јас ја прегрнав. Помина повеќе од еден час откако спиеш и јас нема да си одам одавде додека не се разбудиш. Се надевам дека ќе се одмориш и дека ќе бидеш подготвена за викендот со енергија на воин, која на нас мајките ни е потребна за да ја исполниме својата мисија со насмевка на лицето. Мама Tara Jean ”.
Можеби некој ќе помисли дека ова е премногу фалбаџиски, но добро е што оваа мајка го направила тоа. Ова не потсетува дека на светот не треба да бидеме само посматрачи. Оваа приказна не смее да се заборави и да биде поклопена со приказните од видот: “Види што се случи овде!” “Види ја онаа мајка!” “ООооо дали виде што направи онаа мајка?”... Ние добиваме толку многу информации преку интернет, што понекогаш забораваме дека луѓето се реални. Дека нивните приказни се реални. Оваа сирота жена била преморена. Дали би сочувствувале со нејзината мака или би ја исмеале?
Можеби вие нема да заспиете на вакво место, но сигурно го знаете чувството како е да се биде уморен. Но ако тоа ви се случи, сигурно би сакале некоја Tara Jean да се најде блиску до вас и да внимава на вашите деца.
Не осудувајте ги другите мајки. Помогнете им!
забава Бремените
Автор: bobik
Кога детскиот апетит не е само фаза
Во последните години, се повеќе родители забележуваат дека нивното дет...
Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите...
Спиење и одмор на новопечената мајка
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно дожи...
Природни лекови за настинка и грип
Настинката и грипот се меѓу најчестите вирусни инфекции кои секојдневн...
Во што вреди да вложиш? Во себе
Ако животот е нашата најголема инвестиција, тогаш најмудрите чекори во...