namesp во 10:12
Груб моторен развој III
Министерство за труд и социјална политика, 15.5.20110-2 години | 2-3 години (24-36 месеци) | 3-4 години (36-48 месеци) | 4-6 години | ||
0-6 месеци | 6-18 месеци | 18-24 месеци | |||
1. Детето ја врти главата кон извор на светлина или звук.
Приближете му се на бебето со некој слаб извор на звук (звучна играчка или шушкање на хартија). | 1. Детето се исправа од седечка во стоечка положба.
Охрабрете го детето да се исправи и да дофати некој предмет или играчка поставена високо (на маса).
| 1. Детето го менува правецот на движење со цел.
Замолете го детето да донесе некој предмет, кој е надвор од правецот на неговото движење.
| 1. Детето се движи во отворен и затворен простор и совладува препреки за да истражува (трча и прескокнува мали препреки).
Охрабрете го детето да се движи во простории со совладување на одредени препреки (качување, потскокнување, ползење).
| 1. Детето го забрзува и успорува одот кога е потребно.
При шетање на отворен простор, дајте му инструкции на детето за да го следи вашето темпо на одење. | 1. Детето го поставува телото и екстремитетите во позиција за да имитира некого или нешто.
Замолете го детето да имитира одење или танцување на некоја позната личност или да имитира некое животно. |
2. Детето го придвижува телото и рацете кон покажан предмет.
Подајте му на бебето омилена играчка или предмет и следете како ги придвижува телото и рацете кон предметот. | 2. Детето се подигнува на прсти за да дофати некој предмет, поставен на висина.
Поттикнете го да ја земе играчката поставена на маса. | 2. Детето турка и влече предмети додека оди.
Дозволете му на детето да влече или турка некоја омилена играчка.
| 2. Детето ги става стапалата на педалите и ги врти педалите на велосипедот, паралелно, со двете стапала.
Овозможете му на детето да врти педали од велосипед или некоја друга влечна играчка. | 2. Детето го движи телото и екстремитетите според такт на музика.
Пуштете некоја музика и охрабрете го детето да го движи телото според тактот на музиката. | 2. Детето комбинира секвенци на неколку моторни движења на организиран начин (се врти околу оската на телото, потскокнува на една или две нозе, прави креативни движења според такт на музика).
Охрабрете го детето да се вклучува во танцувачки активности. |
3. Детето посегнува со телото кон испуштен предмет додека седи. Фрлете ја играчката на под и поттикнете го бебето да посегне по неа со телото.
| 3. Детето се качува на стол и седнува самостојно.
Замолете го детето да седнe на стол покрај масата за јадење.
| 3. Детето клекнува за да види што има под маса и повторно се исправа.
Поттикнете го детето да клекна и да се исправа, во игра со скриен предмет. | 3. Детето пренесува големи кутии или други предмети од едно на друго место.
Организирајте натпреварувачка игра со носење на кутии во рацете. |
Стандардите за рано учење и развој се изработени со техничка и финансиска поддршка на УНИЦЕФ
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...

Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...

Ласкавата титула "Најзгоден татко на Инстаграм" ја носи италијанскиот моден блогер и дизајнер, а штом ја видите пр...
