Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Целиот мој живот со деца е различен од мојот живот пред да имам деца. Во суштина мојот живот може да се подели на два периоди ПР.Д и ПО.Д (пред децата и после децата).
Пред децата одењето во бањата беше самотна активност. Се разбира дека беше – зошто да не биде? По децата одењето во бањата личи на работен состанок со кворум. Не се гордеам со тоа, но се гордеам што сега сум експерт со седење на WC шолја, со мало дете во раце кое плаче за внимание, а јас го анимирам.
Пред децата 3 беше оптимален број за пијалоци. Се разбира дека беше, зошто да не биде? После децата, на ретките излегувања, можам да испијам само еден пијалок. Еден. Ако испијам повеќе морам да станувам во WC милион пати во текот на ноќта и да имам мамурлак како по 10 испиени пијалоци.
Пред децата појадокот не започнуваше пред 11 часот. После децата ручекот е во 11 часот.
Пред децата не се грижев затоа што не сум спиела воопшто во текот на неделата. После се, нели викендите служат за тоа? После децата, хахаха! Што? Викенд?? Стануваме во исто време (прерано) како и во другите денови со таа разлика што е многу понапорно, бидејќи децата не одат на училиште.
Пред децата избиравме ресторани врз основа на тоа што сакаме да јадеме. Сега имаме многу барања. Да има мени за деца, да има место за седење за децата, простор за играње и да отвора во 6:00 часот наутро.
Пред децата јадев кога бев гладна. Храната која ќе ја стоплев остануваше топла и кога ја јадев. Секое залаче беше перфектно конструирано од тоа што сакав и кога сакав. После децата бутам храна во устата кога ќе има можност за тоа. Ќе го нахранам прво својот постар син и ако бебето ми дозволи да не го држам в раце, во тие неколку минути ќе јадам тоа што прво ќе видам пред очи.
Пред децата романтично ми беше кога ќе добијам долна облека, шише вино и вкусна вечера. После децата најромантично ми е кога сопругот ќе ги измие садовите.
Пред децата родендените беа изговор за да се испијаниме со пријателите и да си поминеме најубаво на светот. После децата роденденските забави се исто така изговор за да се видам со пријателите – родителите на другарите на мојот син...Едвај чекам да дојде некој роденден, тоа ми е единствениот начин на социјализација.
Пред децата, освен на една студентска забава, моите гради беа ретко изложени во јавност. По децата гради насекаде! Знам како изгледаат градите на сите мои пријателки. И моите се на тацна. Да, јас се покривам, но градите се толку десексуализирани, што нема потреба.
Пред децата, не ја напуштав куќата пред 21 часот. Сега во тоа време сум во кревет.
Пред децата ја фарбав косата за да променам боја. Сега ја фарбам за да ги покрјам белите влакна.
Пред децата му кажував на мојот фризер да направи „нешто слатко„ со мојата коса. Сега му велам да ја остави доволно долга за да можам да ја носат во реп.
Пред децата имав три големини на облека, тесна, нормална и широка. По децата повторно имам три големини на облека, мојата поранешна облека, трудничка облека и стеснета трудничка облека.
Пред децата избирав да живеам во близина на кафетерии и ресторани. По децата избрав да живеам во училишна област.
Пред децата, ако комшиите правеа забава доцна навечер, одев и јас. По децата ако комшиите прават забава доцна навечер, им викам полиција.
Пред децата не беше забавно да се биде болен. Но беше релаксирачки. Добивав ден од работа, пиев сок од портокал, јадев супа, гледав ТВ и играв игри online. По децата кивам, кашлам и имам треска, додека се грижам за нив.
Но...
Пред децата не знаев да сакам! По децата ја научив вистинската смисла на љубовта и предаденоста на тие мали, слатки битија за кои постојам.
Промоциска објава
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?