|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се случува кога тато ќе стане дадилка?!

Редакција Рингераја, 23.4.2021
Добро. Како тоа да е некој проблем. Ќе му дадам на бебето нешто да јаде и да пие и ќе излеземе во прошетка. Ќе има и по некоја валкана пелена, пресоблекување, спиење и веќе е мама дома. Таков беше мојот план, но...
Клучни зборови:

image
/11


Гледајќи го секојдневно својот наследник, одново се изненадувам колку времето брзо поминува...пред неколку години  мал смотанко, а денес веќе вистинска мала личност со се поизразена свест за заземање на сопствен став и изразување на сопственото  јас.

Го гледам така и се сеќавам кога прв пат му бев дадилка. Мислите дека татковците не можат да чуваат мали бебиња? Е па можат...всушност мислат дека можат. Еве како јас го одработив тоа:

Тоа беше времето по истекот на  породилното боледување на мојата сопруга. Мама повторно тргна на работа да заработува, а до почетокот на градинката останаа уште седум дена. Бидејќи имав можност да земам слободни денови, изборот за дадилка падна на мене.

Добро. Како тоа да е некој проблем. Ќе му дадам на бебето нешто да јаде и да пие и ќе излеземе во прошетка. Ќе има и по некоја валкана пелена, пресоблекување, спиење и веќе е мама дома. Таков беше мојот совршено разработен план, но...пак се покажа, плановите се едно, а нивното остварување нешто сосема друго.

Уште првото утро започна со одбивање на храна и недостаток на желба за отворање на устата. Го вложив целиот татковски труд, го стоплив млекото, ставив чоколино, ја зедов неговата омилена лажица, го ставив своето синче во хранилката и тука, на самиот почеток, почетокот на хранењето стана сомнителен. Мислам, како јас него да му објаснам дека е време за јадење, дека не може да јаде со прсти, дека не е убаво да ги става прстите во чинијата и со истите да го погали тато по лицето. Кујната по утринскиот оброк личеше на рибарско село погодено од разорно цунами. Го расчистив непријатниот нов изглед на ентериерот и почнавме со подготовките за утринска прошетка.

Во операцијата облекување на детето за прошетка, ме дувна благо ветре на мирис сличен на голема нужда. И така би. Детенцето ме погледна задоволно  и невино ми подригна во нос. Но јас не се бунам заради тоа што во носот ми се измешаа илјадници мириси. Во секундата низ глава ми помина курсот од мама за брзо менување на пелените. Со внимателни движења ја завиткав контаминираната пелена, направив неколку движења со влажното марамче...и, тоа е тоа. Но тогаш синчето ми покажа и како изгледа мала нужда. Не можев да верувам, облечен во чисти алишта, намачкан со крем и подготвен за излегување – на крај бевме помочкани и јас и тој. Тотална немоќ. И се од почеток...нови алишта, за мене и за него.

Конечно излеговме надвор и тргнавме во долгоочекуваната релаксирачка прошетка. Го извадив своето злато надвор од количката со цел да го прошетам малку низ детското игралиште. А таму – нови предизвици. “Прекрасна” количина на отпадна хартија, отпушоци, по некој птичји/кучешки/мачји измет и останати нехигиенски отпадоци, го довикуваа моето дете како морски сирени кои во легендите ги носеле морнарите во пропаст. Јас лево, тој десно, јас застанувам, тој тргнува...тотална неускладеност. Релаксирачката прошетка поприми нерелаксирачки обележја.

По два часа измачување дојде време за враќање дома, подготовка на ручек и заслужено спиење.

Ручекот доби ново значење. Само ќе го споменам апсолутниот недостаток на мојот авторитет и тоталното игнорирање на моите, инаку солидни особини за убедување. На крајот морав јас да го изедам подготвениот ручек, бидејќи детето ме хранеше мене. Секое мое одбивање беше проследено со негодување, лутење и силно вриштење.

Заспивањето, за изненадување, беше лесно. Едвај дочекавме да дојде мама и тешко е да се каже кој повеќе и се израдува. Благословената наша мамичка!!!

И сосема за крај: “Татковците знаат и можат, но сепак ќе речам – Да живеат мајките!!!”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
5
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
4
Што не треба да правите за време на онлајн...
Оваа година е нова авантура за апсолутно сите фамилии. Кога е во прашање онлајн наставата, ви претставуваме неколку нешт...
4
Домашно милениче и дете НЕ во иста просторија
Голем број од идните родители се прашуваат дали е погрешно доколку во истиот простор престојува нивното малечко и домашн...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?