Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Немој да јадеш толку благо!
Не можеш да носиш истовремено три ланчиња околу вратот!
Фустаните не се за по дома!
Фустаните не се за секој ден во градинка!
Кичестото не е кул!
Не се влечкај со колената по плочките.
По цел ден играш игри, стани од компјутерот!
Не го валкај стаклото со рацете!
Знам, сите ние родителите им сакаме само најдобро на нашите деца. Да треба би умреле за нив сега веднаш, без ниту едно прашање. Но дали сте сме свесни колку забрани и ограничувања им наметнуваме? Овошјето е здраво, бомбоните се штетни, бла, бла, бла...
И сега, ве прашувам јас вас, освен тоа што така ние сме зацртале, што има лошо во тоа да се носи фустан секој ден во градинка? Или во тоа дете од шест години да се слизга по паркетот?
Дали некогаш сте виделе, на пример, сериозен претставник на компанија како се слизга по подот во костим? Или адвокатка во фин костим чија сукња се влечка по подот а на рабовите се закачени бисери? Или готвачка со три ланчиња и по два прстени на секој прст? Или келнер кој нарачките на гостите ги пишува на стаклата од прозорците?
Нема такви, да... А сите ние некогаш одамна бевме деца и научивме што смее да се прави и на која возраст. Значи, дозволете им на децата да бидат деца. Баш ништо нема да им биде ако одат на колена, или сакаат да носат фустан со пердуви секој ден. Толку скокаат што еден мафин повеќе, или гумени бомбони нема да им наштетат.
Сигурна сум дека многупати во детството ќе слушаат приказни за важноста на овошјето и зеленчукот и за витамините и сами ќе сфатат што е за нив добро.
Секако, тоа не значи дека треба да им се дозволи да јадат само колачи и да одат месец дена во едни панталони или фустан, но факт е дека ефектот на нашите зборови ќе биде поголем, ако им дозволиме да бидат деца.
Ќе повторам, само ние (родителите) мораме да излеземе од рамките на сопствените ставови и, што е уште поважно, од рамките на сопствениот комодитет. А светот ќе ги поздрави и прегрне самоуверените млади луѓе кои еднаш, кога биле мали, имале право да бидат деца, да истражуваат и да си играат. И тогаш сигурно ќе бидеме горди на нив, иако можеби сега ни пречи лизгањето на колена и кичестите фустани.
Всушност, ако веќе велиме дека би направиле се за нив, тогаш тоа нека не бидат само работите кои влегуваат во сферата на нашиот личен комодитет и прилагодување. Бидејќи тие не се ние, тие со тек на време ќе станат слика на нашата љубов, нашето воспитување, вложеното време и заложби. Правете го она на што знаете дека еден ден ќе бидете горди – дајте им на децата да пораснат во среќни деца.
6
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Граници, заштитна мрежа на женското ментално здравје
Жените често се учат да бидат полни со разбирање, достапни и силни и с...
Што навистина НЕ ви треба за бебето?
Пред доаѓањето на бебето, листите со „мора да имаш“ изгледаат бескрајн...
Што е плодност и како функционира телото?
Плодноста е способноста на човекот да создаде потомство. Кај жените, т...
Работи што би сакала да ги знаев пред породување
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во живото...
Хормонски промени кои настануваат при доење
Доењето не е само активност преку која се овозможува исхрана за бебето...