Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
“Кој е тоа?!”, праша ќерка ми. “Хмм, некоја мајка”, реков.
“Зошто става свои голи слики?” беше следното логично прашање на ќерка ми. ”Мисли дека тоа е забавно”, одговорив.
Сабрина мораше да замине на училиште, па во тој момент бев поштедена од дополнителни објаснувања. Но сепак, фотографијата во мене разбуди многу размислувања:
Моето тело по породувањето исто така може да го сруши интернетот. Само не на добар начин.
Исто така: Секое селфи кое ќе го направам наутро, по долгата непроспиена ноќ со моето бебе, ќе го сруши интернетот. Еве едно. Ајде интернету експлодирај!
Таа нема што да облече? Ама ајде те молам, новите мајки имаат толку многу опции – се нарекуваат тренерки.
Посакувам да ја насочела камерата надолу, за да можев да ги видам фугите меѓу плочките.
И какви се овие прозорци во бањата? Каков е овој сув под? Каква е оваа туш-кабина?
Зошто во мојата бања нема место за полица за крпи?
Би дала многу пари само да имам една минута за себе, сама во бањата, бидејќи на моите деца баш тогаш им се оди во WC, им се јаде и викаат “Мамоооо не можам да си ја најдам шнолата за коса, помагааај!”
Ако имам 1 минута само за себе во бањата, ќе се истуширам, нема да правам селфи.
Мојот стомак не беше толку рамен ниту кога бев новороденче. Излишно е да зборувам каков е по две родени деца.
Ќе треба да ги ставам црните ленти на мојот стомак, пред да ја објавам сликата на Инстаграм.
Каде се играчките растурени на подот? Каде е купот алишта за перење? Каде е флеката од кафе која стои една недела?
Уаауу, заоблениот таван со греди е навистина кул. Дали тоа над полицата за крпи е телевизор?
Како воопшто некоја мајка наоѓа време да има толку средена коса?

3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Апликации за следење овулација кои вредат
Следењето на менструалниот циклус и овулацијата денес е полесно од ког...
Стрес и забременување, што навистина помага?
Кога паровите се обидуваат да добијат дете, често слушаат совети од ти...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?