|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што МОРА да знаат мајките на девојчиња?

Danielle Davis, 2.7.2022
Розеви балони излетаа од кутијата за откривање на полот на забавата која ја приредивме за објавување на бременоста. Бев 17 недели бремена и не можев да верувам – ЌЕ ИМАМЕ ДЕВОЈЧЕ?! Солзите ги исполнија моите очи...не можев да верувам!
Клучни зборови:

image
/11


 

Не ми требаше многу за да се возбудам од новата авантура која беше пред нас. Направив колекција од околу 50 панделки за во коса, пред да се роди. Знаев дека да се биде мајка на ќерка ќе биде убаво, исто како најубавиот сон.

Деновите брзо поминаа и нашата мала дама пристигна. Постои нешто толку специјално...толку убаво...толку перфектно во раѓањето на ново бебе, испратено од Севишниот. Прво нешто што направив беше што и ставив голема панделка во косата, секако. Сакав СИТЕ да знаат дека таа е девојче.

За брзо време научив дека со девојче во куќа, МОРА да се знаат некои работи, кои ви ги пренесувам:

 

1

 

Мора да бидете фенси: Уште од првата година, девојчињата облекувајте ги убаво. Од фустаните на Frozen, до круни на нивните глави, големи туту фистанчиња и секако панделки во косата. Малите девојчиња сакаат светкави работи, убава облека и убава коса.

Мора да сакате да пеете, да играте и да се забавувате: Вашата четка за обликување на коса ќе ја користат како микрофон. Вашата туш кабина ќе се претвори во бина. Вашиот iPhone ќе биде звучник, а убавата претстава ќе ви го заврти умот. Како што девојчето расте, на гости ќе доаѓаат нејзините другарки и заедно ќе планираат забави и програма за истите. Ќе се навикнете на константното планирање забави и веројатно ќе уживате во сите нив, или само во неколку.

Морате да им ослободите цел плакар само за нив: Немојте да мислите дека вашето девојче може да го дели плакарот со вашиот сопруг. На нејзините алишта, фустани, чевли, панделки им треба место! СЕ е толку слатко, па нема да можете да се воздржите да купите нешто кога сте во трговски центар, во супермаркет, во бутик, on-line. СЕКАДЕ!

Мора да сфатите дека и тие се валкаат: Мислев дека ќе се ослободам од валкани алишта и дамки кога слушнав “Девојче е!” – но не беше така. Девојчињата исто така сакаат да се валкаат. Сакаат да играат во песок. Го валкаат лицето...усните...и оставаат валкани отисоци насекаде. Прават СЕ исто како момчињата, само на женски начин.

Морате да имате широко отворени уши: Девојчињата сакаат да разговараат. Слушајте ги нивните приказни. Слушајте ги нивните драми. Слушајте ги како пеат. Слушајте ги нивните грижи, нивните молби. Понекогаш им треба само некој да ги слуша.

2

 

Морате да се сетите какви сте биле вие на нејзини години: Кога ќе ја слушате – ќе се потсетите какви бевте вие. Точно знаете низ што поминува. Бевте на нејзини години. Моравте да се соочите со добивање период, со драмата околу тоа и со проблемите во училиште. Ќе бидете во можност да ја сфатите подобро од било кој друг.

Морате да ја оставите да си игра со вашите шминки и да користи имагинација: Таа само сака да биде како вас – ве гледа додека нанесувате шминка и сака да се обиде и таа. Нејзината имагинација е полна со виножита, светкави сенки и принцези. Дозволете и да биде принцеза на кратко.

Мора да разберете нерасчистениот куп облека е нормален: Ова никогаш нема да се измени – од моментот кога ќе почне да ви помага околу средување на облеката, купот од облека никогаш нема да исчезне. Бидејќи да се разбереме,  оваа блуза не одговара со овие панталони, овие хеланки имаат дамка, ова џемперче мора да се испегла, оваа блуза ја прави да изгледа дебела. Другата блуза пак, тесна е . Оваа облека ја носеше вчера. И додека трепнете, купот од облека е тука. Тоа е нормално.

Мора да разберете дека понекогаш повеќе ќе го сака тато: Постои специјална врска меѓу таткото и ќерката – и понекогаш ќе го сака само него. Татиното девојче само ќе ве натера повеќе да го засакате сопругот, бидејќи гледате колку многу го сака таа. Тој е смешниот, тој е оној кој ја скокотка и засмејува. Тој е оној кој вели ДА, кога вие велите НЕ.

Мора да внимавате што зборувате за себе: Повеќе не можете да кажете дека сте дебела, или дека не сте убава. Дека не ги сакате вашите заби. Бидејќи таа слуша. Малите уши се дома и слушаат се што ќе кажете за себе. Зборувајте убаво за себе, за и таа да има убаво мислење за неа.

Морате да сакате постојано гушнување и бакнување: Девојчињата се толку нежни, емотивни и сакаат да бидат сакани. Таа ќе дојде и ќе ви подари бакнеж, бидејќи така се чувствува. Ќе дојде и ќе седне во вашиот скут, бидејќи сака да биде до својата мајка. Кога  ќе порасне, ќе ви се јави да ве слушне и да и кажете некој рецепт. И секогаш ќе ве сака.

Морате да запомните дека постојано ве гледа: Девојчињата гледаат во своите мајки. Таа гледа што работите. Слуша што зборувате. Гледа како се облекувате, како ја сервирате храната, како расчистувате, како читате, како пеете, како играте, како купувате и како се смеете. Таа е единствена која знае како звучи чукањето на вашето срце одвнатре и е мало девојче кои ќе порасне и ќе биде ваша најдобра пријателка.

 

3

 

Дали ја обожавате вашата ќерка? Имате нешто да додадете на оваа листа? Ако сте ВООДУШЕВЕНИ од тоа што имате ДЕВОЈЧЕ...не заборавајте да споделите!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?