Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
По четириесеттиот роденден, животот на жената почнува да се менува, потпирајќи се на фактот што се работи за цврсто изградена личност.
Нема повеќе лутање во модата, барање на сопствениот стил, нема повеќе варирање во килажата.
Класиците засекогаш остануваат класици - парчиња со долговечна ера на постоење, чија вредност никогаш не престанува.
Еве неколку примери кои мора да ги имате во својот плакар и после 40-та година.
Класични црни салонки
Безвременски, добро дизајнирани во кои ногата изгледа секси, а на секоја комбинација и дава посебен печат

Одлично скроен костим
Костимот е парче кое секоја ена мора да го има во плакарот. Костимот е спас за состаноци и средби на кои треба да изгледате професионално и отмено.

Скапоцен часовник
За вакво нешто вреди да се штеди, бидејќи е уникатен и ќе трае со години. Скапоцениот часовник е моден детал кој дава печат и на најлежерните комбинации.

Свој парфем - личен печат
Дури и ако не сте љубител на парфеми, пронајдете свој лосион за тело или масло, чиј мирис веднаш ќе асоцира на вас.

Накит
И за парче накит вреди да се штеди, или да се носи некој семеен стар накит кој дава посебна нота на целиот изглед.

Торба која трае
Квалитетна класична црна торба.

Црн фустан припиен за телото
Мал црн тесен фустан, мора да постои во плакарот на секоја жена. Никогаш не може да знаете кој може да ве повика за излегување, а црн тесен фустан секогаш е добитна комбинација.

2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)