vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Основното правило при избор на наочари, почитувајќи го моделот и формата на лицето, е да има контраст. Ако лицето ви е со меки црти и стегнати линии, тогаш изберете четириаголни рамки со заострени агли. Ако пак лицето ви е со остри црти, тогаш барајте очила со тркалезни рамки. Запомнете исто така, дека на мало лице не одат големи рамки и обратно.
Неправилниот избор на наочари води до очигледен дисбаланс во пропорциите, па секој дефект е очигледен.
Наочари за тркалезно лице
Ако изберете тркалезни наочари за тркалезно лице, тогаш образите ќе ви изгледаат поголеми, а лицето - повеќе топчесто. За да се избегне оваа грешка, побарајте наочари со правоаголни рамки, за да ги сокриете заоблените линии. Наочари со геометриска форма, спортски модели или наочари познати како hipster glasses, се во листата со можни варијанти.

Наочари за квадратно лице
Квадратното лице се одликува со остри, аголна карактеристики кои можат да изгледаат грубо, ако бидат дополнително нагласени со неправилните рамки на наочари за сонце. Изберете модел со тркалезни или овални стакла. Ако лицето ви е пошироко, тогаш не ги избирајте малите хипи модели, туку барајте нешто поголемо. Соодветни за оваа форма на лицето се исто така наочарите во форма на "мачкини очи".

Наочари за тркалезно лице
Луѓето со тркалезно лице се среќници, бидејќи можат да експериментираат со различни видови на наочари. Пожелно е, моделите да се со рамки кои нема да бидат пошироки од лицето, а за обликот на стаклата нема ограничувања.

Наочари за срцевидно лице
Имате широко чело, слатки образи и остра брада и се прашувате кој модел наочари ви се вклопуваат најдобро. Обидете се со наочари "мачкини очи" - за секси изглед. Моделот тип пеперутка исто така му одговара на обликот на вашето лице. Освен тоа не грижете се да ставите и модели со пошироки рамки.

Наочари за триаголно лице
За разлика од луѓето со срцевидно лице кај вас јагодиците се нагласени, а образи речиси нема. Обидете се со класичните авијатичарски наочари со тенки рамки и стакла од огледало.

4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...