|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Редакција Рингераја, 20.4.2018
Квалитетните апарати за домаќинство се основата на добра организација во домот. Помалку време, помалку нервоза, совршена помош да биде сe под конец
Клучни зборови:

image
/11


Во денешното хаотично секојдневие, секоја од нас е менаџер. Едноставно, менаџираме на работа, менаџираме во семејството, менаџираме со сите секојдневни обврски со цел да може да ги постигнеме задачите кои си ги поставуваме. Затоа,важно ни е процесите да се брзи и ефикасни, а доброто планирање на времето значи подобри резултати.


Квалитетните апарати за домаќинство се основата на добра организација во домот. Помалку време, помалку нервоза, совршена помош да биде сè под конец. Пеглањето можеби не е најинтересната работа, но дезинфекцијата на алиштата и перфектно средената гардероба се секогаш во мода. Во изминатиот периодво неколку наврати низ трговските центри имавме можност да се сретнеме со промоциите за парните генератори на Philips, кои ни оставија голем впечаток.

 

Можете да ја оставите пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можете да пеглате вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можете дури и да пеглате врз апликации без никако да се оштети, ниту гардеробата, ниту пеглата.

 

1

 

  • Моќна пареа (470г моќнапареа)
  • Optimal temp технологија без сетирање на температура, 100% гарантирано без изгореници на сите материјали погодни за пеглање
  • Вертикално пеглање
  • Лесна пегла
  • Највисок квалитет на Philips плочата за лесно пеглање
  • De calc систем за прочистување (функционира со вода од чешма)

 

 

За сите останати карактеристики можете да прочитате на следнава веб страна: www.peglanje.philips.com.mk.

Најубаво се учи од личните искуства, па поради тоанајдовме неколку жени кои веќе користат Philips парни генератори и побаравме од нив да ги споделат нивните искуства со производот. Тука може да прочитате што споделија со нас:

 

Ивана Јованоска

Како родител ми е навистина важно алиштата на моите деца да бидат секогаш испеглани и дезинфицирани. Морам да признаам дека не сум голем љубител на пеглањето, но откако станав мајка едноставно ја превземав таа обврска. Во нашиот дом имаме голема количина на гардероба со апликации и принтови, па доста често имав проблем и ја оштетував гардеробата. На промоција видов Philips парни генератори и навистина ми оставија впечаток. Можам да кажам дека веќе 4 месеци сум горда сопственичка на парен генератор и процесот на пеглање ми стана навистина полесен. Можеби главна причина што го купив парниот генератор е тоа што плотната на пеглата не може да се оштети, ниту да се залепи за гардеробата, па со самото тоа пеглањето на апликации и принтови на гардеробата го решавам по брза постапка. Пеглам обично во недела кога имам повеќе слободно време и втората причина што ми помогна во одлуката за да купам парен генератор од Philips е тоа што можам да пеглам 2 часа без прекин. Има резервоар за вода од 1,8 литри кој патем не мора да го полните со дестилирана вода и едноставно не мора да дополнувате вода на секои 10 минути.
Топло ја препорачувам.

 

2

 

Соња Николова

Како жена која обожава свила и памук имав често проблеми со пеглањето алиштата. Најчесто се случуваше пеглите да ја изгорат гардеробата, материјалот да се залепи за самата плотна и потоа при пеглање на друга гардероба да го уништам и тоа парче гардероба. Купив Philips парен генератор со Optimal Temp технологија пред еден месец и можам да кажам дека сум презадоволна. Го видов на промоција во City Mall и кога видов дека гарантираат дека ќе пеглам без изгореници на гардеробата решив да го купам моделот. Целата приказна е во тоа што генераторот има моќна пареа, односно не се работи за промена на температурата кај самата пегла која е иста и оптимална, туку самата пареа навлегува во порите на гардеробата и на тој начин го олеснува пеглањето и не дозволува да дојде до изгорениците на гардеробата. Поради тоа што и јас и сопругот работиме канцелариска работа, пеглањето се одвива секојдневно. Мене ми заврши голема работа парниот генератор, а верувам дека е корисен за сите оние кои имаат динамично темпо на живеење и имаат работа во која има кодекс на облекување.