Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
 
                    			   
                    			
Луѓето имаат свест и потсвест. Свеста може да се манипулира и насочи во една или друга насока. Потсвеста сепак секогаш ги открива вистинските наши преференции, желби и мисли. Затоа, важно за овој тест е да се види значењето на првото  јајце кое ќе го забележите/ќе ви остави впечаток.
  
  
 Велигденско јајце со мотиви на цвеќе
 
 Ако прво сте го забележале јајцето со цветни  мотиви, тогаш сте романтичари. Чувствителни сте и лесно ранливи. Интровертни сте и времето ви поминува дома и меѓу тесен круг од најблиските луѓе. Бегате од метежот и вревата.  Покрај силната  чувствителност, често пати сте разумни и сте доста практични, особено во однос на финансиите.

 Велигденско јајце со цик-цак шара
 
 Ако прво сте го сте забележале јајцето со цик-цак шара, тогаш сте практични. Сакате да анализирате сè во животот - од најмалите до најзначајните работи. Обожавател сте на минимализмот и секогаш фрлите се што е непотребно од домот и животот.
 
 Велигденско јајце на точки
 
 Вие сте сончеви и сјајни. Насмевката никогаш не ви слегува од лицето. Сакате да сте меѓу луѓе. Во вашиот дом секогаш има гости. Луѓето обожаваат да се околу вас, бидејќи знаете како да ги натерате да се насмевнат. Верни пријатели сте и единствениот ваш недостаток е тоа што не знаете како да се пазите од искористувачи.

 Хипнотизирачко  велигденско јајце
 
 Вие сте енергични и креативни. Идеите никогаш не ви завршуваат. Сакате  да експериментирате. Не сте од луѓето кои се лутат лесно. Понекогаш сакате да се впуштите по течението и не се плашите од тоа каде ќе ве однесе. Склони сте да ја оставате судбината да одлучува наместо вас и да се адаптирате спрема ситуацијата.
 
 Еднобојно  велигденско јајце
 
 Вие сте сериозен човек. Ретко се смеете, дури и да сте во добро расположение. Понекогаш изгледате намуртени, но тоа е затоа што не сакате да покажете емоции. Барате стабилност во животот. Експериментите не се за вас. Сакате да се занимавате со добротворни цели.

 
 Нацртано  велигденско јајце
 
 Вие сте комплексна личност. Отстрана изгледате мистериозни и малку ексцентрични. Ве привлекуваат луксузните нешта во животот. Ги следите тенденциите во различни сфери и обожавате новите придобивки, дури и да не ви се потребни.
 
 Шарено велигденско јајце
 
 Вие сте лидери. Сакате да доминирате над останатите. Независни сте и не сакате да добивате наредба од кого и да било. Верни пријатели сте, но имате малку  блиски луѓе заради тешкиот карактер кој го имате.

 Прскано велигденско јајце
 
 Сакате бурен живот и ризик. Монотонијата не е за вас, затоа што се стремите  да правите секогаш нешто различно. Сакатеголеми и бучни компании и невообичаени туристички дестинации. Ако нешто не ви се допаѓа, ќе се потрудиме да го промените.
 4
4
 3
3
 3
3
 3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...



