vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Диетата на Хејли Помрој е лесна за почитување. Нејзината главна цел е со правилна исхрана, без лишување од хранаи исцрпувачки вежби на телото, да се симнат килограмите. Диетата на Хејли Помрој има за цел да ги регулира хормоните и така да го засили силите на организмот за горење на мастите.
Основните елементи на диетата се чај и супа од зеленчук. Освен тоа за ручек и вечера има главно јадење, направено на принципот 1 протеин (пилешко, мисиркино, телешко, риба), 1 зеленчук и 1 здрава маст (авокадо, маслиново масло, кокосово масло, ореви, маслинки).
Како да приготвиме смуди за појадок (продукти за еден појадок)
40 гр. Семки од сончоглед
1/4 сирово, излупено цвекло
1 лажица кокосово масло
110 мл. вода
5-7 коцки мраз
450 гр. свеж спанаќ
1 излупен грјпфрут / портокал
Сите производи се ставаат во блендер и се мелат. За сладок вкус и арома можете да додадете стевија (здрава и природна замена на шеќер, а за мирис - цимет или ванила.

Како да приготвиме зеленчукова супа? (порции за 1 недела)
1 1/2 л. Вода
9 стапчиња целер
900 гр. Боранија
6 чешниња лук
9 тиквички
350 гр. Печурки
75 гр. Магдонос
1 1/2 кромид
Начин на приготвување:
Ставете ги водата, целерот, боранијата и лукот да се варат. Откако водата ќе зоврие, варете 5 минути. Додаде тиквички, печурки, магданос и кромид и варете уште 7 минути. Оставете да се излади, а потоа ставете ја зеленчуковата супа во фрижидер
Мешајте 1 сад од супата со 1 чаша вода и загревајте. Јадете без леб.
Пример мени на пред новогодишна диета - минус 5 кгр. за 10 дена
Појадок: 1 чаша смуди - треба да се испие до 30 минути по будењето. 1 чаша чај (наместо кафе)
Втора ужина: Краставица или целер и 1 голема чаша вода
Ручек: 1 чаша супа, 1 главно јадење (по шемата 1 протеин + 1 зеленчук + 1 масти), парченце плод, најдобро цитрус
Ужина: Голема чаша вода
Вечера: 1 чинија супа, 1 чаша чај, главно јадење, приготвено по шемата (1 + 1 + 1). За вечера не е пожелно да јадете овошје.

3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...