Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Еден таков пример е профилот @design_and_tales кој неодамна го прослави својот прв роденден.
На Инстаграм профилот @design_and_tales можете да ја разгледате понудата на портрети, постери и персонализирани нотеси.
Рингераја: Кој е креатор на профилот?
D&T : Зад Design&Tales стои Драгица, дипломиран преведувач и наставник по англиски јазик, а веќе година ипол - графички дизајнер.
Рингераја:Како започна приказната за design and tales?
D&T:Знам дека многу Инстаграм бизнис приказни започнуваат со пандемијата, исто и нашата.
Го отворив профилот со цел да цртам портрети и постери, кога една девојка ми нарача нотес. Оттогаш, направени се 2800+ персонализирани нотеси, и секој еден е приказна за себе.

Рингераја: Кој производ е најпопуларен и најбаран?
D&T: Најмногу се продава дневниот планер насочен кон фитнес и здрава исхрана. Во однос на кориците - секој месец има различен бестселер, но генерално омилените се цветни.
Но, дефинитивно имаме победник цитат на корица - It’s a beautiful day to go after your dreams.
Рингераја: Неодамна го прославивте првиот роденден. Колку сте задоволни од досегашното работење?
D&T: Со оглед на тоа што оваа приказна започна без некој особен план, исходот после една година беше неверојатно добар.
Покрај Design&Tales, јас работам и како фриленс графички дизајнер, а никогаш не се откажав ни од првата љубов - јазиците, така да имаше периоди кога 24 часа во денот не беа доволни.
Поддршката, помошта и мотивацијата од сопругот за тие денови ми беа многу важни, така да би рекла дека D&T e наша заедничка приказна.

Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Но, во сиот тој хаос, луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи.Колку Инстаграм е алатка за водење бизнис и допирање до клиенти?
D&T: Јас сум активна на Инстаграм од неговото прво лого. Отсекогаш сум ја обожавала оваа платформа, уште кога нејзината намена не беше тоа што е сега. Но, дефинитивно, најголемиот пресврт на Инстаграм го видовме во 2020та.
За жал, мислам дека популарноста на Инстаграм опаѓа поради ТикТок, и с? поголем број светски брендови се префрлаат таму. ТикТок и Инстаграм за мене се два различни света, а јас на Инстаграм склопив многу многу пријателства, истомисленици, клиенти, стекнав доверба кај моите следачи и навистина тоа сакам да остане така.
Рингераја: Производите се достапни само преку нарачки на вашиот Инстаграм профил?
D&T: Во моментов, да, функционираме само онлајн. Освен на Инстаграм, имаме профил и на Facebook под истото име (Design & Tales), а наскоро ќе имаме и веб страница.
Рингераја: Ваши идни планови? Можеби некој нов производ?
Според побарувачката на нашиот профил, гледам огромна заинтересираност за journal или дневник за запишување и следење емоции, помагало за подобра ментална хигиена, па многу многу брзо ќе го најавиме и тој производ.

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
D&T: Сите кои мислат дека не се вклопуваат во шемата 9-5 работење, и кои ќе бидат спремни да работат по нова шема (24/7) треба да се охрабрат за овој чекор.
Јас сум (или подобро кажано, бев) човек кој ужива во книги, серии, разговори со блиски, запознавање нови луѓе, а сето тоа привремено се сведе на минимум. Би препорачала истрајност и посветеност, но пред с? ОГРОМНА ЉУБОВ кон тоа што ќе се работи. Затоа што, кога работиш за себе навистина е многу полесно да се откажеш од викенд или од некоја книга што едвај си чекал да ја прочиташ, отколку кога работиш за друг.
И благодариме на Драгица за издвоеното време :)
Рингераја со љубов ги поддржува малите бизниси. Поддршката значи многу, па не пропуштајте да стиснете на follow копчето и на профилот @design_and_tales.
7
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Момент што го менува животот засекогаш
Постојат моменти што не можат да се опишат со зборови, можат само да с...
Природно породување и царски рез, предности/предизвици
Начинот на породување е лична, но и медицинска одлука. Некои жени имаа...
Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“
Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска ...
Бебешки плач, како да препознаете што значи?
Плачот е првиот и најважен начин на комуникација на бебето. Тоа не пла...
Недостаток на сон и неговото влијание врз тежината
Сонот е основен дел од здравиот животен стил, но многумина не обрнуваа...