|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што ги прави мајките МАЈКИ?

Rita Templeton, 17.2.2015
Во мојот телефон чувам слика, што ја направив пред неколку недели. Тоа е слика од четкичка за заби
Клучни зборови:

image
/11


 

-        Можете да направите се – да одговорите на е-пошта, да го расчистите нередот, да ги налакирате ноктите, да направите вечера, СЕ – иако некој постојано се вртка околу вас. Можеби ќе ви одземе повеќе време, но се уште можете да го направите тоа ПЕРФЕКТНО.

-        Прекинувате секаква активност и можете да бидете бесна на себе со часови само од една мисла – дека сте го заборавиле некаде вашето дете.

-        Во вашата ташна има многу повеќе работи од детето, отколку ваши.

-        Додека молчат, вашата прва мисла не е: “Ух, колку се тивки, сигурно нешто се заиграле”, туку  “Добро, какви ужасни пакости прават?”. Сепак одлучувате да уживате во тишината, подготвени да се соочите со последиците од нередот.

-        Излегувате со другарките во ноќен живот, но мора да се вратите во 22 часот (само што сте излегле), бидејќи вашите деца ќе станат баш следното утро порано, ќе го одбиваат појадокот кој сте му го направиле и до 7 часот веќе ќе бидат уморни од натегање и ненаспаност.

-        Не можете да запомните на кое место сте го паркирале автомобилот, бидејќи вашиот мозок е неверојатно прецизна база на податоци (која постојано се менува), според моменталните желби на вашите деца за јадење.

-        За успешно туширање се смета секое бричење на нозете до колена.

-        Вашите оброци се трансформираа од телешки медаљони и гратинирани тиквички, во пилешки прсти и топено сирење. Voila!

-        Мозокот ви е толку многу третиран, што ќе треба сериозно да се истретира пред повторно третирање.

-        Можете да дешифрирате плачење кое значи дека нешто не е во ред, од плачење кога не можат да се склопат лего коцките.

-        Можете да дешифрирате дали цимолењето на детето значи дека е уморно, гладно, болно, жедно, нервозно, дека му е досадно, дека кучето не сака да си игра со него, братчето го задева итн.

-        Сакате да мислите дека модата е се уште прв критериум за избирање чевли, но длабоко во себе знаете дека одлучувачки фактор е удобноста и леснотијата на чевли кои се лизгаат сами од пикапот до училиштето, градинката, амбулантата.

-        Можете да одговарате на прашања: “Дали имаш вагина” и  “Зошто се твоите гради меки”, со неверојатна леснотија и без да ви трепне окото.

-        Во состојба сте да ги убедите децата да ги сакаат ТВ програмите кои можете да ги поднесете и да им ги забраните оние кои ви се неподносливи.

-        Се чувствувате скршено кога децата ќе пораснат доволно за сами да си земат јадење.

-        Можете да одговорите скоро на секое прашање со половина внимание, но добро обрнете внимание кога детето ќе ве праша: “Така е мамо?” или ”Добро е мамо?”

-        Точно знаете од која бременост, која стрија е. “Ах, овие линии? Тие се од тебе. А тие назад на нозете се од брат ти.”

-        Немате проблем да вршите нужда или да се туширате  со отворена врата, но мора да имате комплетна приватност кога ќе ја мачкате со кармин горната усна, за да не бидете предмет на озборување во училиште.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 работи кои нема да ги правам со второто ...
Јас немам фотографија од себе како бебе. Сериозно. Такви фотографии воопшто не постојат. Тоа е затоа што сум најмала од ...
4
Изложба на Филип, деветгодишното момче со ...
Уметноста појака од аутизмот. Изложба на деветгодишниот Филип со дела кои ќе ве остават без зборови
3
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
2
Тивка закана: телевизорот и детската тежина
Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебел...
2




Анкета

Кофеин за време на бременост.
пеперутка16

Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?