|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да очекувате од првиот логопедски преглед?

дипл. Логопед Симона В. Николовска, 3.8.2020
Доколку сакате да знете што да очекувате од првиот логопедски преглед, ова е за Вас

image
/11


Подгответе се заедно со Вашето дете.

За време на првиот логопедски преглед родителот е интервјуиран, односно, сите потребни анамнестички податоци ги дава родителот.

Проценката и времетраењето на прегледот зависат од возраста и потребите на детето.

 

Кои прашања да ги очекувате?

 

Која е причината заради која сте на посета кај логопедот?

Каква била бременоста на мајката, дали таа во текот на бременоста била изложена на некаков ризик, дали примала хронична или акутна терапија, дали  била изложена на токсични материи.

 

Каков бил пораѓајот, дали детето доживеало некоја траума во текот на породувањето,  со која APGAR оцена е родено.

 

Дали во раниот период било често болежливо, примало медикаменти, страдало од чести ушни инфекции.

 

Дали се соочува со сензорни потешкотии.

Кога се јавиле првите зборови со значење

Кога почувствувале родителите дека нивносто дете има некаков проблем во говорно јазичниот развој.

Каква била стимулацијата на детето, дали било изложено на технологија и странски јазик.

 

Кога се јавило гугањето.

Кога пролазило и проодело детето и друго.

 

На самиот преглед, логопедот врши проценка на детето, во зависност од комуникациската потешкотија со која се соочува детето:

 

Како комуницира детето (изговор, глас, флуентност)

Јазичната експресија (Каков вокабулар користи, граматиката...)

Јазично разбирање

Процена на играта и социјалните комуникациски вештини

Кај повозрасни дечиња, логопедот може да провери и како детето чита и пишува.

 

Тестирање

За дечиња под 3.5 години

Тестирањето се врши преку игра на под или на маса

Родителот или старателот, може да биде дел од играта

Кај постари дечиња:


  • Тестирањето може да биде поструктуирано
  • Детето ќе биде охрабрено и поттикнато да одговори на некои едноставни прашања, да следи инструкции, да имитира итн.
  • На родителот ќе му бидат дадени информации за говорно – јазичните вештини на детето.
  • Следниот чекор е дискусијата, односно насоките кои родителот ги добива од логопедот

Секогаш кога ќе забележите некоја отстапка во говорно – јазичниот развој на детето, побарајте преглед кај логопед. Не чекајте да помине време во надеж дека нештата ќе се поправат сами по себе. Понекогаш навистина се поправаат сами по себе, некогаш е потребна мала стимулација а некогаш е потребна логопедска, можеби и дефектолошка поддршка кај детето. Што точно е потребно за Вашето дете, ќе дознаете со логопедска проценка која ја прави логопед.

 

Автор: 

 

дипл. Логопед Симона В. Николовска
Логопедски кабинет „ Среќичка “
web mail www.logoped.mk

Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка

Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial

 

View this post on Instagram

Фините моторни вештини и говорот? ? Уште од порано се сметало дека фините моторни вештини се од особено значење и во директна корелација со говорот. Направени се бројни истражувања кои укажуваат на тоа дека со сигурност во кортикалното подрачје на мозокот центрите за фини моторни вештини и говорот се близу, па фината моторна стимулација влијае и врз квалитетот на развојот на говорот.? ? Подоцна искуството покажува дека игрите каде е вклучена фината моторика го забрзува развојот на говорот односно го подобрува и го стимулира.? ? Од тука доаѓаме до заклучок дека тезата која вели дека фините моторни вештини влијаат на развојот на говорот е точна и тие никако не смеат да се потценат.? ? Повеќе за развојот на фините моторни вештини, како и вежби за нивен развој кај деца од 3 – 7 години може да најдете во Среќичка водичот за развој на фини моторни вештини. . . . . #govor #razvojgovora #dete #deca #govornevezbe #govorniveshtini #среќичка #среќичкаводич #среќичкасоветува #среќичкаводич #логопедскикабинетсреќичка #логопедскопје #логопед #логопедскивежби #logoped

A post shared by Logoped (@srekjichkaofficial) on Jul 23, 2020 at 7:52am PDT

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
5
Интервју со Александар Белов
Ексклузивно за Рингераја! Нашата nadica разговараше со Александар Белов.
3
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
3
Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?