|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Само уште пет минутиииии!

Редакција Рингераја, 9.9.2014
Една од најголемите битки кои се наметнуваат за водење, најверојатно се крие токму во оваа реченица. Знаете ли како да наметнете авторитет без да го трауматизирате детето?
Клучни зборови:

image
/11


 

Без разлика дали сте во детски парк и детето е занесено во играта, на некоја забава, или  во соседството, дојде време да кажете: "Стоп" и да се вратите дома. Но за жал детето никогаш не се согласува и започнува со пазарење.

Ако е на лизгалка, ќе ве замоли "Само уште еден последен пат" (и тоа трае половина час), а ако игра нешто интересно, кое целосно го окупира неговото внимание, може дури да не ве забележи, или само нервозно да викне "Нема!".

И ниту ветувањата, ниту заканите, ниту високиот тон, не се во можност да ја променат ситуацијата. Тоа едноставно одлучило  дека токму во моментов нема ништо поважно од тоа со што се занимава сега и овде. Исто така е можно да го тестира вашето трпение и да види каде е границата на дозволеното.

 

Што да направите?

 Останете смирени – ова навистина звучи како клише, а и понекогаш е невозможно, но имајте во предвид  дека само така можете да имате контролата над ситуацијата. Ако ги изгубите нервите, ситуацијата ќе ја претворите во непотребна драма и на крајот никој нема да има полза.

Одвлече го вниманието на детето - Колку повеќе се задлабочувате во проблемот, толку тој ќе станува поголем. Затоа, наместо нервозно да повторувате едно и исто, одвлечете го вниманието на детето со нешто друго - на пример, дека одите на сладолед или на гости кај некое пријателче (ако, се разбира, тоа е точно). Важно е да не го лажете детето, зашто така полесно ќе ја изгубите довербата.

Покажете му колку се 5 минути - За да нема пазарење во незгоден момент и на јавно место, утврдете ги правилата однапред. Не е страшно ако детето сака да си поигра уште 5 минути, но по истекот на времето треба да прекине со играње и да замине со вас. Дури иако детето сеуште не го познава часовникот, можете да му покажете кога ќе поминат 5-те минути - "Кога поголемата стрелка ќе стигне  до оваа цртичка, треба да заминеме одавде ..."

 

Наградувајте го доброто однесување - Детето не треба да ги слуша вашите мислења и заповеди, само заради страв. Многу подобро е да сте сојузници отколку ривали и има начин како тоа да се случи. Праксата покажува дека многу се попослушни децата на оние родители кои наместо да наметнуваат строги казни, ги поттикнуваат, кога се разбрани и добри.
Тогаш и ризикот да дојдете во непријатна ситуација  драстично ќе се намали.


Давајте добар личен пример - не можете да очекувате од детето да е мирно, ако вие сте нервозни. Ако му пристапувате со добронамерен однос, најверојатно и тоа ќе ви одговори со истото.

Заборавете на заканите - она од што треба да се откажете, се заканите за Баба Рога и сите познати и непознати страшни луѓе и чудовишта кои ќе го одведат детето со себе, ако не слуша. Колку и да сте лути на немирното дете, не му кажувајте  дека ќе го оставите, ниту дека ќе престанете да го сакате. Ова може да се средства кои имаат привремен ефект, но цената е превисока. Детето навистина се плаши дека можете да ги исполните заканите и буквално го сфаќа кажаното. Можете ли да замислите колку се мачи и плаши?


Не го зголемувајте вниманието врз проблемот - Ако детето е непослушно, а вашите обиди да го натерате да си замине од местото - безуспешни, не треба да реагирате како дете, туку како родител. Разговарајте за случката и покажете му какво треба да биде доброто однесување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
3




Анкета

Dali nekogas?
Jana9

Dali nekogas zemate pouka od nekoja kniga,film,slucka?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!