Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Секој родител има изградено индивидуален план за исхрана за своите деца според нивните потреби, возраст и преференци. Колку често децата ви консумираат кравјо млеко? Козјото млеко, млекото од бадеми, оризовото, кокосовото и млекото од соја, кои се еден вид замена на кравјото млеко при интолеранција на лактоза и алергија на млечни протеини, имаат големи придобивки за здравјето. Но го даваат ли потребното количество витамин Д на децата?
Според податоците од истражувањето овие вкусни и корисни пијалоци не го даваат потребното количество витамин Д на децата, за разлика од кравјото млеко. Најважниот витамин Д, кој често е нарекуван витамин на сонцето, се синтетизира од нашето тело, кога се изложуваме на сонце.
Исто така витаминот Д може да се добие и преку консумација на риба, јајца, млечни производи, зеленчук, ореви. Тој му е неопходен на човековото тело за градење на силен имунитет, мускули, за здравјето на срцето, мозокот, развојот и зајакнувањето на коските.
Кога кај децата се забележани ниски нивоа на витамин Д, може да настане коскена слабост, а во некои случаи и рахитис.
Во САД и Канада беше спроведено едно вакво истражување. Специјалистите велат дека во 100 мл кравјо млеко се содржат околу 40 единици витамин Д, што го прави главен извор на храна на витамини за поголемите деца.
Во истражувањето биле вклучени вкупно 2831 деца без здравствени проблеми, меѓу 1 и 6-годишна возраст за период од 5 години.
Тестовите покажале дека децата кои не примаат кравјо млеко се двапати повеќе загрозени од дефицит на витамин Д. Научниците додаваат дека родителите треба да се информираат однапред за количината на витамин Д, калциум и други хранливи материи во алтернативни пијалоци на млеко и храната како целина, за да можат да направат добар избор за исхрана на своите деца.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?