|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ривалство помеѓу вашите деца

Редакција Рингераја, 25.7.2016
Родителите на две или повеќе деца ќе излажат ако тврдат дека никогаш не забележале ривалство кај своите најмили
Клучни зборови:

image
/11


 

Ривалството најчесто се појавува уште со раѓањето на второто дете и како што растат децата, така започнуваат да влегуваат во конфликти за сè и сешто, од тоа кој прв седнал на масата и кој прв ја допрел играчката, до тоа кој да добие повеќе внимание и љубов од родителите.

Во моментите на кавга помеѓу вашите деца можете да слушнете „Ти неа ја сакаш повеќе од мене!“, „Зошто секогаш јас сум крив за сè?“, „Поубаво ќе ми беше да немав сестра!“. Иако тие зборови знаат да болат, треба да сфатите дека децата го велат тоа затоа што не знаат како да ги излеат лутината и бесот што ги чувствуваат.

Ривалство кај децатаРивалството е поизразено кај децата чија возраст се разликува со 2 до 4 години

Децата во еден момент можат да влезат во војна поради најглупава причина, а веднаш потоа да се прегрнуваат како ништо да не било. Помирете се дека ривалството и несогласувањата се нормален дел од процесот на растење и стремете се да ги сведете на минимум.

 

Ривалството и разликата во годините

Се верува дека појавата и изразеноста на ривалството, љубомората и натпреварувачкиот дух помеѓу децата во едно семејство се поврзани со возраста. Најизразено е ривалството кај децата чија возраст се разликува со 2 до 4 години.

Проблемот со ривалството е помал кај децата кои се со разлика помала од 18 месеци и кај децата чија разлика во возраста е поголема од 5 години.

Ривалството е поинтензивно и кога децата се од ист пол или кога едното е интелектуално понадарено.

 

Треба ли да се загрижувате за постојаните кавги?

Малите кавги не треба да ви изгледаат страшно и да ве замислуваат дали еден ден вашите деца ќе успеат да пронајдат заеднички јазик. Експертите се едногласни дека постојаните кавги во детството не влијаат на врската што децата ќе ја имаат кога ќе пораснат. Додека се мали можат на моменти да бидат најголеми непријатели, но кога ќе пораснат приказната се менува и може да станат најдобри неразделни пријатели.

Кавгите и закачките имаат и позитивна страна. Децата се трудат да ги разрешат споровите и несогласувањата и на тој начин учат да постигнуваат компромис и да соработуваат.

Се разбира, тоа може малку да ве утеши, но ако се соочувате со секојдневни викотници и кавги помеѓу вашите деца, сигурно не ви се чека тие да пораснат за да се смират, туку целта ви е да си ја вратите хармонијата во домот.

 

Како да се справите со ривалството меѓу вашите деца?

И во случаите кога викањето и препирките ве вадат од такт, се препорачува да останете настрана и да им дозволите на децата сами да го решат конфликтот. Вашето вмешување нема да им помогне да се научат да се справуваат со споровите. Но, кога гледате дека караницата ескалира и расправијата станува жестока или има ризик да прерасне во физичка пресметка, време е за ваша интервенција.

Еве како да реагирате во моментите на кавга:

  • Поттикнете ги да преговараат за да постигнат компромис. Побарајте од нив да го намалат тонот и да започнат да разговараат. Кажете им дека треба да се ислушуваат едно со друго. Дајте му прво можност на едното дете да зборува, па слушнете ја и приказната на другото. Побарајте од нив да понудат решение на проблемот. Ако и двете не понудат прифатливо решение, бидете справедлив судија и донесете одлука вие. На пример, ако се расправаат кој да игра на компјутерот, направете распоред со кој двете деца ќе имаат можност да поминат еднакво време играјќи.
  • Поставете правила и барајте да бидат почитувани. Без исклучок забранете им на вашите деца да користат физичка сила, да се нарекуваат со погрдни зборови или да посегаат по играчките на своето братче или сестриче. Исто така, предвреме кажете им ги последиците од прекршувањето на правилата кои важат за двете подеднакво, за да не се случи едното дете да мисли дека повеќе го сакате неговото братче или сестриче, па дека само тоа заработува казна. На пример, ставете им до знаење дека за користењето на физичка сила се забранува гледањето телевизија, играњето со омилената играчка или користењето на компјутерот.
  • Никогаш не заземајте страна. Се случува едното дете да е попроблематично и редовно да е иницијатор на кавги, но никогаш не треба да му велите: „Не можеш ли да се огледаш на брат ти?“. Така само ќе го зголемувате интензитетот на ривалството помеѓу вашите деца. Треба да бидете неутрални.
  • Ако се тепаат, веднаш разделете ги. Седнете ги на различни кревети или разделете ги во различни простории. Понекогаш е доволно само да поминат извесно време разделени за да заборават на непријателските чувства. Колку и на одредени моменти да не се сакаат, кога се разделени ќе сфатат дека им е многу позабавно кога се заедно.

Ривалството е сосема нормална појава, а вие не треба да го негирате, туку треба да го искористите за вашите деца да учат преку него. Еве како да градите здрава врска помеѓу вашите деца:

  • Спријателете ги уште додека едното е во вашиот стомак. Раѓањето на второ дете многу влијае на првото. Затоа, додека се справувате со бременоста, треба да пронаоѓате време и да го подготвувате вашето дете за доаѓањето на нероденото ново братче или сестриче.
  • Никогаш не ги споредувајте ниту нив, ниту нивните постигнувања на училиште. Се разбира дека вашите намери се добри кога ќе му кажете на вашето дете „Гледај брат ти колку убаво си ги подредил играчките, а твоите се расфрлани“, затоа што сакате да посочите добар пример. Но, вашето дете на тоа може да ви возврати со „Ти мислиш дека тој е подобар/попаметен од мене“ или „Ти него го сакаш повеќе од мене“ затоа што децата често споредбите ги интерпретираат на ваков начин. Истото важи и со постигнувањата на училиште. Никогаш не ги споредувајте нивните оценки или нивниот успех. Има случаи кога едното дете со малку труд постигнува многу, а другото со голем труд не може да постигне толку. Секое дете е различно.
  • Поминувајте време насамо со секое дете одделно. Навистина тоа може да е многу тешко ако имате големо семејство и работите, но децата си бараат специјално внимание. Макар и тоа да е по 15 минути дневно, поминете малку време играјќи или пишувајќи домашна работа со едното дете, а потоа со другото.
  • Не ги принудувајте сè да им биде заедничко. Секое дете треба да си има сопствени играчки, но треба да ги поттикнете да споделуваат. На пример, кога неговото братче ќе побара да си поигра со негова играчка, детето треба да биде пријателски расположено и да му ја даде.
  • Секое дете треба да ви биде фаворит. Кога ќе ви биде поставено прашањето „Кој го сакаш повеќе мене или Х?“, дајте дипломатски одговор „Двајцата ве сакам на посебен специјален начин“ и избегнувајте го одговорот „Двајцата ве сакам исто“.
  • Фалете го доброто однесување. Можеби најважно од сè е родителите да го фалат и наградуваат доброто однесување. Така децата учат дека тоа што го прават во моментот на вашите пофалби е правилно. Кога ќе ги видите дека играат заедно во мир, речете им: „Обожавам кога ве гледам колку се сложувате“.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Се викам Љубов
Сакам да дојдам изненадно, кога не се надевате, сакам да ви го одземам здивот и моќта за говор.
4
Мајчинството е кога...
Мајчинство е моментот кога без здив и со црвени образи од умор ќе се откажете од краткото спиење, за да ги гледате трите...
4
Ноќни стравови и кошмари кај децата
Дали детето ве буди ноќе со крик и плач? Што значи тоа?
4
Кои хигиенски навики треба да ги има детето?
Кои хигиенски навики детето од предшколска возраст треба да ги усвои и како да му помогнете во тоа, советува педагогот Ј...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?