|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Револуционерен лек за прекумерно потење

Д-р Светлана Костиќ Петрушевска, 4.5.2010
Денешната тема е проблемот на зголемено потење и најновата метода во светот со БОТОКС.

image
/11


1 Зошто доаѓа до зголемено потење?

Потењето е функција на потните жлезди која служи за ладење на организмот. Но при некои пореметувања доаѓа до прекумерно потење ( hyperhydrosis). Тоа може да е примарно заболување (идиопатско) или секундарно (поради постоење на други болести на организмот, каде ова е еден од симптомите). Секундарната хиперхидроза се јавува најчесто при ендокрини заболувања, дијабетес, пореметувања на метаболизмот, неуролошки болести, малигни заболувања, хронични инфекции, при земање на некои лекови, конзумирање на многу зачинета исхрана, катехоламински ексцеси...

Раце и нозе, посебно реагираат на емоции и затоа при спиење и при седација не се потат.

 

2 На која возраст се појавува пореметувањето? 

Може да се појави во било која возраст. Примарното се појавува во детската возраст, адолесценција. Ова наведува да се мисли на генетска детерминираност, бидејќи многу често се наведува податокот дека еден од родителите го имаат истиот проблем.

 

3 Дали има врска полот?

И кај двата пола исто се манифестира, но кај жените е почесто за некој процент.

 

4 Што чувствува човекот при зголемено потење?

Пациентот има повеќе проблеми. Прво, физички го попречува во секојдневните активности и на работа. Постојано е со мокра облека и е приморан почесто да се пресоблекува, а за тоа нема секогаш услови. Чевлите секогаш им се влажни кај тие што им се потат стапалата. Луѓето кои работат со хартија несакајќи ја мократ. Тие што работат со стаклени предмети оставаат отисци. Во контакт со електрични апарати велат дека често ги удира струја, при работа со компјутер, при пишување им паѓа пенкало од рака, пречки при возењето...

Социјален живот поради страв од потење се дистанцираат и избегнуваат многу средби и запознавања, за да не се ракуваат. Се плашат од настап пред аудиториум, бидејќи нема каде да се пресоблечат кога ќе се испотат, па како ќе изгледа нивната облека, коса... Тоа претставува емоционално патење и ги прави депресивни.

 

5 Зошто потта некогаш мириса непријатно, а некогаш миризбата е послаба?

На кожата имаме повеќе од 4 000 000 потни жлезди кои лачат под контрола на центарот за терморегулација сместен во Хипоталамусот, од кои 3 000 000 се ЕКРИНИ, а другите АПОКРИНИ. Терморегулацијата се извршува со помош на потни жлезди и системот за крвна циркулација (вазоконстрикција и вазодилатација). Овој центар реагира на хормони, емоции, физичка активност. Интервацијата на потни жлезди е од симпатичен нервен систем. Неуротрнасмитер на екрини жлезди е ацетил холин, а на апокрини е катехоламини. Симпатичните нерви доаѓаат од висина на Торакален II (втори) пршлен Лумбален II. Ова го кажуваме за да биде јасно на кое ниво се врши симпатектомија при терапија, зависно која регија на потење треба да се блокира пред да се започне со најновата метода со БОТОКОС.

Екрините лачат чиста течност со минерали, која го регулира нашето ладење. Нив ги има по цело тело. Апокрините лачат погуста течност која има мирис. Локализирани се околу гениталиите и под пазувите и затоа таму има појака миризба. Оваа пот повеќе им годи на бактериите и дополнително миризбата се појачува. Затоа не смее да се дозволи два пати на исто место да се испоти, а да не се измие и промени облеката. Тогаш потта многу јако мириса.

 

6 Каде се може да е лоцирано зголемено потење?

Зголемено потење може да е генерализирано (на цело тело) или фокално (локализирано на пазувите, дланките, табаните, челото, образите).

 

7 Дали може да дојде до компликации во тие регии на кожата?

Поради постојана влага во прегибните регии доаѓа до мацерација на кожата, микрорагади кои се влезно место на инфекции. Тогаш имаме за третирање два проблема хиперхидроза и инфекција. Познато е габично заболување т.н. “спортско стопало” затоа што е почесто кај спортисти. Даските на кои стојат лугето кога се тушираат се природен материјал кој не може да се дезинфицира и го пренесува предизвикувачот од претходниот кој се туширал на наредниот.

 

8 Што се превзема пациентот?  

Се што ќе слушне. Дезодоранси, талкови, лекови, специјални марамици за таа намена... огромна индустрија живее од тие луѓе. Повеќе пати во текот на денот се пресоблекуваат и со себе носат резервна облека.

 

9 Да ни објасните за најновата метода во светот, за терапијата на зголемено потење...

БОТОКСОТ е револуцинонерен лек во борба против претеранотот потење. Претставува прочистен протеин добиен од бактеријата Clostridia Botulinum. Се користи веќе 20 години во терапија на многу болести од областа на неврологија, педијатрија, офталмологија, гинекологија, ортопедија. 10 години се користи во естетската медицина во борба против стареење и разубавување, а од неодамна стана СПАС при хиперхидрозата.

Во поразблажена форма од други индикации се убризгува на местата кои се потат, на определаена раздалеченост, многу површно. Процедурата е безболна, трае 15 минути. Дејството почнува да се појавува по 3 до 4 дена , а најубаво се развива по 3 недели. Трае 7 месеци, а во 25 % случаи до 12 месеци. Тогаш се губи активноста на Ботоксот и процедурата се повторува. Поради поголема интервација на дланките и стопалата, за да се спречи болката, се изведува со претходна анестезија. Нема никакви нус појави, освен локална нелагодност додека се смири местото од боцкањето, а тоа е еден ден.

Контраиндикации се бременост, доење, постоење на дијагноза: myasenia gravis, Eaton Lambert sindrom. Во моментот на изведувањето на третманот да не е под терапија со антибиотици од аминогликозидната група.

 

Колку чини третманот?

Кај нас е најефтин од било каде во светот кај што се изведува.

Фотографии од венчавката на Ламбе
Венчавка како од бајките! Погледнете ги фотографиите
4
Половина час шетање - лек за телото и духот
Половина час дневно веројатно го поминувате на интернет. Половина час го поминувате во сообраќајните гужви. Половина час...
3
Рецепт за долг брак
Кога двете лица кои ги ставивте ќе добијат сребренкаст сјај и кога ќе им се појават бразди на кората, колачот е готов. П...
3
Класиката е секогаш во мода - Bella капути
Класиката никогаш не излегува од мода. Да, зборуваме за Bella, бренд кој е добро познат по својата линија на зимски капу...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета


jovanka



(100%)

(0%)


Број на сите гласови: 15

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!