namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Една таква успешна приказна има 21 годишната кичевчанка Маја Љубеска која веќе една година има своја онлајн продавница.
Рингераја: Какви производи има во твојата понуда и со кои техники работиш?
Маја: На мојата страна може да најдете повеќе од 30 најразлични производи почнувајќи од рачно декорирани шољи со декорација по моја или желба на купувачите, детски сетови (чинија, лажичка, вилушка) со омилените ликови од цртаните филмови, привезоци за клуч, детски персонализирани рамки со слика и податоци од денот на раѓање, уникатни рамки за слика за роденден и други пригоди, голем дел од накит изработен од полимерна глина и други додатоци на пример обетки, белегзии за деца и возрасни, ланчиња и привезоци за ланчиња, брошеви, шноли, прстени, привезоци за телефон, бележници за книга, персонализирани магнети, новогодишни лампиони со име...
Изработувам и декоративни вина за куќна слава и други пригоди, свеќници за куќна слава со порака по желба.
Исто така последниве неколку месеци почнав да изработувам рачно плетени ланчиња за домашни миленичина со нивното име и како додаток привезок од полимерна глина за ланчето и уште многу други изработки.
Најчесто изработките ги работам со полимерна глина но во изработката на накит користам голем дел од репроматеријали што се користат за изработка на накит, како и жила, различни бисери, ленти, пигменти циркони и слично.
Рингераја: Од кога и како започна со изработките?
Маја: Започнав на 27 Ноември 2020 година односно скоро една година работам активно со оваа магична и исполнителна работа за мене.
Уште како мали заедно со мојата сестра (која сега работи со надградба на нокти која на еден нокт може да нацрта уметничко дело) занимација баравме во цртање и правевме различни оригами од хартија па со текот на годините почнав да се интересирам подлабоко за рачните изработки и дента кога добив идеа за оваа работа правев новогодишен украс за во мојата соба па направив минијатурен снежен град куќарки,вештачки снег патеки и размислуваќи со што можам да направам мини украс Дедо Мраз и снешко се сетив дека полимерната глина е токму тоа што ми треба. Па со тоа идеите ми се зголемија да пробам да направам привезок,па да декорирам шоља и од тогаш па навака секоја ден се будам со нова идеа за изработка.
Рингераја: Секој производ за изработка бара одредени вештини, различни материјали, одредено време и услови.
За кој би рекла дека е наједноставен а кој претставува најголем предизвик?
Маја: Наједноставни за изработка ми се белезиките и привезоците за телефон а секоја персонализирана изработка како на пример шоља на која треба да се претстават ликови со одредена боја на коса или облека по желба ми претставуваат предизвик за кој треба да се посвети посебно внимание бидеќи секој детал ја прави изработката персонализирана.
Рингераја: Дали потрошувачите се заинтересирани за твоите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто? Кој производ е најпопуларен и најбаран?
Маја: На многу луѓе им се допаѓаат моите изработки и постојано добивам убави коментари за мојата работа,но мислам дека кај нас многу помалку се цени рачната изработка отколку што би требало. Има многу луѓе што не го ценат трудот, вложеното време и материјал, но исто толку има луѓе што ја ценат секоја моја изработка.
Најбарани производи до сега ми се детските сетови за оброк со Мини Маус.
Рингераја: Колку си задоволна од досегашното работење?
Маја: Јас најсреќна сум со мојата работа прво затоа што ми е најголема релаксација а со тоа можам и да ги склопам во една шоља или една чинија замислите за совршен подарок на купувачите.
Рингераја: Пандемијата по се се чини се покажа како поволна за онлајн бизнисите, со оглед на тоа што луѓето минуваат се повеќе време на социјалните мрежи и преферираат бесконтактно купување. Може ли да го потврдиш ова од искуство?
Маја: За разлика од претходно кога сите сакавме да прошетаме по продавници и да разгледаме сега во оваа ситуација сите тоа го правиме најчесто онлајн и тоа е придобивка и за нас со онлајн бизниситe и за тие што сакаат нешто да купат а да не потрошат многу време
Рингераја: Производите се достапни на твоите
Фб Профил и Инстаграм профил:
Планираш ли да ја зголемиш понудата со некој нов производ?
Маја: Знам дека можам да изработувам уште многу други работи но за тоа ми треба многу време за план и реализација, но мислам дека следено на листата за изработки ќе бидат новогодишни спремни подароци за деца.
Рингераја: Многу од читателите размислуваат за сопствен бизнис. Што би им препорачала?
Маја: Сите што размислуваат да започнат сопствен бизнис би им препорачала да почнат од она што би го купиле или би го користеле прво самите тие па со тоа ќе имаат поголема љубов и заинтересираност тоа да го претстават во јавноста,а потоа идеите една по една ќе си доаѓаат сами по себе.
Благодариме за издвоеното време Маја и ти посакуваме многу успеси во иднина. Среќен роденден и да се множат уште многу!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...