|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Со говорот детето развива интелектуални вештини – кога нешто ќе каже, тоа се обидува со зборови да ги изрази своите мисли, па така мислите стануваат појасни.
Клучни зборови:

image
/11


Говорот е поврзан со севкупниот развој на детето, а посебно со развојот на мисловниот процес. Тоа е комплициран психофизички процес кој се развива на основа на биолошки и психолошки фактори. Говорот е важен фактор за развој на личноста и социјализацијата.

Со говорот детето развива интелектуални вештини - кога нешто ќе каже, тоа се обидува со зборови да ги изрази мислите. Така мислите стануваат појасни. Детето напредува од „спознајно-практично“ кон „вербално-апстрактно мислење“. Детето го изговара она што го спознава, развива способност на именување, комбинирање, предвидување. Говорот најинтензивно се развива во претшколскиот период, а се усовршува цел живот.

Услови за развој на говорот

За правилен развој на говорот мора да бидат исполнети одредени услови. Основа за тој развој е здрав нервен систем со интрактни говорни центри и нервни врски помеѓу нив,  чија задача е следење  на говорниот апарат. Освен тоа, мора да бидат правилно и добро развиени и психичките функции како што се: внимание, запазување, мислење и помнење. Сетилата мора да бидат развиени, а говорниот апарат здрав.

 
Почетокот на говорот е на околу 15 - месечна возраст. Обично девојчињата проговоруваат пред момчињата. Меѓу децата постојат  индивидуални разлики кои се условени со изразена диспозиција за комуникација, подобри примери за говор, посилни побуди за говорна активност и поголема спремност за слушање и имитирање. До 3-тата година говорот е обликуван во груби потези. Детето ги изговара повеќето гласови и ги користи скоро сите видови на зборови. Научените зборови веќе може да ги поврзе во кратки реченици.

Прва година

Во првата година имаме фаза која ја нарекуваме „подготвителен предфонетечки период“.
Има повеќе нивоа:
- ВРИШТЕЊЕ (вокализација) - Сите гласови кои бебето ги произведува инстинктивно се неопределени, но слични се на самогласките (вокалите). Тие гласови се некој вид на подготовки за изведба на самогласките подоцна.
- МУМЛАЊЕ - Мумлањето е случајно и рефлексно. Тоа е израз на детските (не) задоволства.
- ПОВТОРУВАЊЕ -  Во втората половина од првата година бебето почнува ритмички да повторува слогови.
- ЕХОЛАЛИЈА -  е период кога детето почнува да го имитира говорот на возрасните. Таа појава битно влијае на понатамошниот развој на говорот. Детето го слуша говорот на околината, разни шумови и звуци и сето тоа се обидува да го имитира со мимики и движења. Тоа имитирање е сеуште инстинктивно, но со слушање и имитирање на околината, почнува да му поминува во свест. Пред крајот на првата година се развива детското слушно разбирање и затоа се поправа и неговото разбирање на говорот. Влијанието на позитивни емоции многу влијае на развојот на способности за разбирање на говор, а сето тоа придонесува за севкупен побрз развој на детето.

Период на обликување на говор

Некои деца веќе првиот збор го кажуваат во осмиот или деветиот месец (најмногу од децата во единаесетиот или дванаесетиот). Тоа е процес на усвојување на изрази кои се поврзани со најосновните потреби и чувства на детето. Секој израз ја обележува севкупната ситуација. За првиот збор зборуваме кога врската помеѓу зборот и личноста или предметот е логична. Првите зборови означуваат мисли или реченици, и ги нарекуваме „монореми“ (реченица-збор). Тоа е период кога детето заради недоволно развиен слушен центар не може прецизно да ги репродуцира зборовите. Причината за тоа е што моторичкиот дел од детскиот говор е послабо развиен отколку сензорскиот – детето разбира многу повеќе отколку што може да каже.

Периодот на првиот говор почнува помеѓу 15-тиот и 18-тиот месец на староста. Тоа е време кога детето е веќе постабилно и не е веќе толку зафатено со одење. Детето тогаш разбира дека секој збор има точно одредено значење. Станува љубопитно. Прашува: „Што е тоа?“ Тоа прашање секогаш им го поставува на возрасните и со тоа ги опоменува на својата се почеста потреба за говорно изразување.
При крај на третата година нормално развиено дете ги разликува сите гласови, дури и оние кои сеуште не ги артикулира правилно. Го разбира говорот и зборува, но очигледна е разликата помеѓу разбирање на говорот од другите во споредба со сопствените говорни активности.

Причини за пречки во говорот

Говорот е битно средство за контакт помеѓу луѓето, па затоа пречките кои можат да се појават  во неговиот развој се причина за потешкотии во друштвените односи. Говорот е важен од повеќе аспекти. Постојат повеќе причини за пречки во говорот. Понекогаш се физички, а најчесто од социјално-емоционална природа. Физичките причини се обично препреки на органите што им овозможува говор (зајачка усна, неправилно распоредени заби, разделено непце). Причина може да биде и оштетен слух. Во такви случаи детето во целост не слуша ниту туѓ, ниту сопствен говор. Пречки во говорот понекогаш може да бидат и последица на погрешно учење, а понекогаш ги предизвикуваат и психосоцијални пречки и психоневрози.

Мумлање и муцање 

Двата најчести облика на говорни пречки се мумлањето и муцањето.
Кај мумлањето се работи за погрешна артикулација, а кај муцањето пак се работи за пречки во ритамот на говорот. Мумлањето најчесто се појавува во претшколскиот период но понекогаш и во прво одделение (како последица на погрешно учење). Исто така, понекогаш се јавува како знак и за ментална заостанатост. Изговорот е непотполн и поради тоа неразбирлив. 
Муцањето е многу честа говорна пречка. Зборувајќи, детето сопира, ги повторува почетните или завршните слогови, а ниту ритамот на говорот не е соодветен. Самите гласови се правилно артикулирани, но детето не може течно да ги изговори.

Најчесто овој проблем се јавува помеѓу третата и четвртата година, бидејќи тогаш детето набрзина сака да каже нешто. Една од причините за муцањето може да биде органска пречка, но најчесто станува збор за внатрешна напнатост или траума на детето. 
Секој од овие случаи треба внимателно и комплексно да се проучи, бидејќи постои опасност од револт да направиме повеќе штета отколку корист.

Поттикнување на детскиот говор

Во почетокот детето разбира повеќе отколку што кажува. Развојот и поттикнувањето на говорот ја намалуваат разликата меѓу активниот и пасивниот фонд на зборови. Детето на претшколска возраст е многу креативно, бидејќи сака да ги повторува зборовите иако сеуште не ги разбира. Ритамот најмногу го привлекува детското внимание, па затоа за најмладите се многу важни различни песнички, бројаници, кои децата сакаат постојано да ги слушаат и повторуваат. Приближно секоја година детето ја продолжува реченицата за еден збор. За дете од две години, карактеристична е сложена реченица од два збора, за петгодишно дете од пет збора. Детето долго време одговара само со еден збор и кратка реченица, бидејќи и неговиот интерес е краткотраен, па затоа постојано ја менува својата активност.

Затоа неговите реченици се испрекинати и неповрзани, честопати останува без зборови. И уште нешто за родителите кои со голема загриженост го следат развојот на своето дете и го споредуваат со врсниците – и помеѓу децата постојат индивидуални разлики. Доколку детето разбира што му се кажува, не треба да се плашите, бидејќи порано или подоцна тоа ќе прозбори. 

Да зборуваме и слушаме!


Да не заборавиме дека говорот не е потреба за самите нас. Родителите мораат да внимаваат на разговорот, на квалитетот на комуникацијата која се развива меѓу луѓето, без оглед на тоа дали се работи за разговор со врсници или разговор во семејството. Разговарајќи со детето, го градиме и дополнуваме детското спознавање. Разговорот го насочува кон самостојно размислување и заклучување. Разговорот не е „еднонасочна улица“! Децата мораат да научат да го слушаат и соговорникот, да почекаат да дојдат на ред, а не да зборуваат додека зборува и нивниот соговорник. 

Во претшколскиот период морате да го научите детето како треба културно да се однесува и да комуницира со возрасните и своите врсници, а не само да зборува!  

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
6
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?