|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ранко Рајовиќ: Скокањето во кал живот значи

Редакција Рингераја, 5.8.2016
Детето мора да скока во кал, да се качува на дрва, да скока по креветот, бидејќи на тој начин го стимулира развојот на когнитивните способности

image
/11



Работа на детето е да си игра и да истражува

Дали сте сретнале дете кое нема да истрча во каллива бара со желба да скока во неа, или да ја прескокнува? Од каде таа потреба?  Најважната работа можеби е собирање, а потоа и обработка на информациите, што и е интелегенцијата. Токму заради тоа, во периодот на развој детето има инстиктивна потреба да собере што повеќе информации, односно да научи што повеќе.

Ова ќе стане јасно ако ја замислиме следната ситуација: бегаме од група волци кои не стигнуваат. Веројатно ќе не стигнат за две-три минути. А ние до стигнувањето на сигурно место имаме 2 минути. Во тој момент мозокот презема целосна контрола и не не прашува скоро ништо, бидејќи тука нема многу време за размислување. Секое движење, секој детал е сега важен. Нашиот живот во оваа ситуација зависи од тоа што сме го научиле до тој момент. Во трчање гледаме пред себе гранка, која го попречила патот и е на висина на струкот. Десно е провалија, а лево густа шума. Јасно е дека од таа патека не можеме да свртиме. Бидејќи се наоѓаме во животна опасност, мозокот ги вклучува сите резервни капацитети и работи седум пати побрзо, а во таква ситуација прима многу поголем број на слики отколку вообичаено. Заради тоа ни се чини како да сме во успорен филм, а една секунда изгледа како седум секунди. Реално, во полн трк, една патека од 20 метри се истрчува за 3 секунди, додека нас ни се чини дека тоа трае 20 секунди.

Од каде е таа способност на мозокот да го успори времето? Тоа е еволутивна адаптација развивана милиони години, бидејќи мозокот на тој начин ни дава дополнително време да најдеме решение. И додека трчаме кон гранката, која никако да ја стигнеме, мозокот забележува дека на гранката нема ниту еден лист. А се наоколу е полно со лисја. Тогаш мозокот ни испраќа слика од детството кога сме кршеле суви гранки во шумата. И заклучуваме дека таа гранка е сува и сфаќаме дека не мораме да ја прескокнуваме, ниту да се провлекуваме под неа, туку ја кршиме со своето тело. Што би било доколку не сме кршеле суви гранки како деца во шумата. Можеби би застанале пред оваа гранка и би изгубиле 3-4 секунди. А можеби би го изгубиле и животот.

Обработката и поврзувањето на информациите е суштина на интелегенцијата. Така станува разбирливо зошто детето мора да скока во кал, да се качува на дрва, да скока по кревети, бидејќи на тој начин го стимулира развојот на когнитивните способности. Прашање е што ќе биде со денешните деца кои дневно лежат по 2-3 часа. Заради тоа пропуштаат илјадници влезни импулси и со тоа го ослабуваат развојот на важни механизми (динамичка акомодација на окото, фиксација на предмети во движење, комплекси видови на движења во трчање). Некој може да помисли дека играњето видео игра е добар начин детето да прими илјадници импулси, но тоа не е активност која  е во согласност со еволуцијата. Добро е позната мислата на Тесла дека ние сме производ на со векови непрекинато прилагодување и дека големите и нагли промени можат да произведат катастрофални последици. Заради тоа е важно детето да поминува што повеќе време во трчање, скокање, прескокнување, да престојува во природа и слично.  Со самото тоа, обврска на родителите е да му ги овозможат на детето овие активности. Бидејќи на тој начин го подготвуваат детето за живот. Постојат многу нешта што можат да ги направат родителите, но за почеток, кога ќе дојдат пролетните и летни дождови, добро би било детето да добие гумени чизми и да оди, па дури и да скока по барички колку што сака. Наместо да ги спречуваме, на децата треба да им обезбедиме сигурно опкружување за истражување и радост во природата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Избираме најубава творба: Јана
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Јана
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
3
Децата губат нерви поради телефоните?
После само час време на телефон, децата и адолесцентите можат да имаар помалку самоконтрола, љубопитност, емотивна стаби...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?