|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пуштете ги децата да пораснат

Редакција Рингераја, 29.1.2013
Родителите кои претерано се грижат за своите деца не треба да бидат горди на тоа. Поистоветувањето на љубовта со покажувањето на грижа е многу опасно, бидејќи на тој начин ги спречувате децата да пораснат психички
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Во првите неколку години по раѓањето детето е потполно беспомошно, па мајката го опкружува со љубов и внимание. Претпоставувајќи што му треба на детето инстиктивно, читајќи ги неговите мисли таа успева да му ги задоволи потребите и да го стимулира развојот. Мајката и малото дете се во психолошка симбиоза бидејќи мајката функционира како детето да е дел од неа. А кога детето ќе почне да расте, да го разбира светот, оваа симбиоза полека се разлабавува и доаѓа до конечната цел – израснување на детето. Еден од начините родителите несвесно да го саботираат израснувањето на детето е да продолжат да се грижат за него, кога тоа не е повеќе потребно.

Секако дека родителите треба да се грижат за децата тогаш кога тие нема да бидат способни. Целта на секој добар родител е да го подготви детето за самостоен живот во општеството, така што постепено ќе го учи да се грижи за себе. Израснувањето на детето некои родители го доживуваат како повеќе да не се потребни. И на место да престанат да се грижат за детето и да го сакаат безгрижно тие продолжуваат да изразуваат загриженост. Дури и тогаш кога “детето” има дваесет или триесет години. Мајките често велат:  Додека сум жива ти ќе бидеш мое дете. И затоа мајката, на пример, не може да заспие се додека нејзината триесет годишна ќерка, која излегла во сабота навечер, не и се јави дека стигнала дома.

Ако ќерката не научила да се грижи за себе сама, мајчината грижа не може да ја заштити од неволја. Грижата на мајката нема позитивна функција освен да го потврди односот на љубов. Мајката верува дека кога не би се грижела би била рамнодушна, а тоа е негација на љубовта и доказ дека е лоша мајка.

Не само што не е позитивно, туку изедначувањето на грижата со покажување љубов е негативно. На тој начин родителите психолошки им забрануваат на децата да пораснат. Непотребно загрижените родители без престан испраќаат две токсични психолошки пораки. Првата е дека нивното дете е неспособно, а другата дека овој свет е многу опасно место. Иако некои деца многу бурно реагираат на ваквото однесување на родителите, многу деца во поголема или помала мера го прифаќаат. А кога тоа ќе се случи се појавува синдромот презаштитено дете чии главни особини се пасивност заради убеденоста во сопствената неспособност и страв од надворешнот свет.

Токму заради тоа, родителите кои претерано се грижат за своите деца не треба да се гордеат со тоа.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
6
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
5
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3
Кои деца се доцни прозборувачи?
Деца на возраст од 2-4 години кои е развиле говорни вештини, а при тоа немаатдијагностицирано неможност, развојни отстап...
3




Анкета

da izbereme ime za naset_o since
anete

MOZE I NEKOJ VAS PREDLOG ZA MASKI IMINJA.

aleksej (39%)

maksim (44%)

alen (16%)


Број на сите гласови: 160

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!