vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Израдувајте ја со подарок за 8-ми март својата сакана жена, мајка, сестра, колешка...Заслужила заради се што досега направила за вас. За тоа што го разубавува вашиот свет и го прави подобар.
Како да одберете подарок за 8-ми март?
Почувствувајте го и вие овој ден како празник и се' ќе биде многу полесно, а вашата имагинација и шарм ќе дојдат до израз и во полн сјај.
Секоја жена очекува на тој ден да се сетите на неа, иако тврди дека ништо не и значи.
Трудот и времето кои сте ги вложиле во избор на подарок, се позначајни од подарокот.
Не избирајте подарок во последен момент.
Не бидете стереотипни.
Секоја жена, на која нешто и подарувате, е личност за себе.
Подарокот за 8-ми март не мора задолжително да биде скап.
Направете романтична вечера во домашна атмосфера, со шише вино и романтична музика.
Треба да знаете дека постојат лични подароци – за мајката, за бабата, за ќерката, за сестрата, за сопругата, за девојката, за пријателката, кои внимателно се избираат индивидуално за секоја дама.
- Ако се работи за сопруга или девојка, можете да се одлучите за поинтимен подарок, како што е квалитетна долна облека. Медаљон со датумот на вашата венчавка или на првиот состанок може да и го одземе здивот.
- За пријателката може да одберете некоја ситница која е во согласност со нејзините интереси или хоби. Жената која сака да помине виденд на планинарење, на скиење или во теретана, ќе биде многу задоволна со некоја ситница од богатиот арсенал на спортската опрема.
- На подарокот за вашата мајка посветете му посебно внимание. Само немојте да купувате садови и вазни.
- Втората категорија подароци им е наменета на колегите и евентуално на познаниците. Тука не ви е потребна фантазија, но потрудете се и во тој случај. И тоа се ваши блиски жени и треба да бидат задоволни.

5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...