Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Рејчел не ги зашеќерува работите и знаете што? Таа е инспирација, таа е смела мајка и треба да ја прочитате нејзината исповед за која сите зборуваат.
Проверете:
“Го пишувам ова во ходникот на најгорната скала, бидејќи моите две најмали деца нема да останат во соба и да одат во кревет, освен ако постојано не повторувам – Остани во собата, оди во кревет, сериозна сум...и нема повеќе ми се пие вода и ми се мочка...Утре нема да ве оставам да гледате телевизија, ако уште еднаш станете од кревет... И така околу еден час, се додека не решат да се напокријат и да заспијат.
Тоа е вистината.
Се обидов да правам листи, за да воспоставам рутина во спиењето. Направив се што прочитав за децата навреме да отидат во кревет и да заспијат сами. Ништо од тоа. Тогаш се одлучив да седам на последната скала пред нивната соба и постојано да ги мрморам истите фрази. Често го земам лаптопот и тогаш проверувам пошта, пуштам некој tweet, го проверувам својот FB профил, колку да не за'рѓа, а моите очи постојано се вперени во нивната соба за да видам дали спијат (во овој момент не спијат...ако се прашувате).
Мојот живот не е праволиниски. Јас имам подеми и падови, паѓања и повторувања, издигнувања и ниски летови, понекогаш падот е толку силен што заринкувам и земја...и седам на врвот од скалите, бидејќи не можам да смислам ништо подобро за да ги натерам да заспијат.
Им правам потпечени макарони со сирење за ручек и малку пармезан.
Не јадеме органски јаболка.
Им купувам на децата лижалчиња.
Понекогаш моите деца премногу гледаат телевизија.
Прескокнувам редови и цели параграфи, кога им читам книга пред спиење.
Не ја фрлам искинатата детска облека, бидејќи секако од неа ќе направат топки и ќе играат фудбал.
Мојата кошница за валкани алишта е во секој момент преполна.
Мојата дневна соба има фрлени перници по подот, документи на каучот, сенка од скршена ламба, чевли расфрлани на сите страни и неколку празни кутии, кои чекаат играчките да им бидат вратени внатре.
На мојот профил на Пинтерест секако има слика од совршено средена соба.
Го сакам Starbucks и ќе се возам некогаш таму со децата зад мене, а потоа ќе се вратиме дома.
Често сум нетрпелива со децата.
И нормална сум.
Моите деца? Па тие се нормални. Или како секои нормални деца кои очекуваат се најдобро и се најмногу од своите родители.
Но...
Мајчинството не се базира на совршенство. Не значи постојано сервирање на безглутенска храна (освен во мојот случај), или појадок од целозрнеста храна со парчиња органски јаболка, чорапи кои се во пар и совршено организирана соба, како на мојот профил на Pinterest.
Мајчинството е само реално.
Реално со вистински мајки кои го губат трпението, кои сакаат да ја исфрлат кошницата со валкани алишта, кои имаат деца, кои не сакаат да спијат. Мајчинството опфаќа мајки кои работат, а кои попрво би останале дома. Мајки кои се дома, а кои мечтаат да работат. Или мајки кои се уморни од секојдневната рутина.
Мајчинството опфаќа мајки кои ги носат своите деца во овоштарникот и кои им дозволуваат да јадат јаболка, ги носат во зоолошка градина и на кафе со пријателките, во самопослуга и на лекар...и сите тие нормални работи. Мајки кои мислат дека се' што прават е перење и пеглање облека. Мајки кои се закануваат дека ако ја видат повторно полна кошницата со валкани алишта, дека сите ќе ги исфрлат во ѓубре. Опфаќа мајки кои се среќни, радосни, тажни, поразени и ајде да се соочиме со тоа реално.
Сето тоа е доволно за да се биде добра мајка.
Тоа е моето признание. Не дека не сакам да биде подобро. Мислам дека се разбудуваме секој ден со желба во срцето овој ден да биде подобар од претходниот. Мајчинството има моменти на исклучителна трпеливост, екстремни обиди и учење кое не може да се спореди со ниеден факултет.
Мајчинството не се граничи со совршенство.
Мајчинството е чин на учење. Секој ден. Можеби вашите деца нема да ги јадат макароните со варен зеленчук и домашен сос од домати, иако се здрави. Знаете ли зошто? Затоа што мајчинството не се базира на она што другите мајки прават, туку на она што правите вие, бидејќи најдобро го знаете вашето семејство и вашите деца. Бидете храбри и сигурни во она што го правите.”
Мајчинството е всушност животот. Често на ова патување се откриваме себеси.
Тоа е вистината.
Затоа ви се обраќам на вас мајките, во која фаза од мајчинството и да сте, дека сте најдобри во тоа. Добро си ја вршите својата задача и ако децата не одат навреме на спиење, ако го мразите периодот на привикнување на детето на нокшир, ако ги одвлечкувате вашите деца од рафтовите во маркет, ако ја дојадувате последната лажичка сладолед и ако не држите до своето јас. Продолжете да се обидувате, да го правите најдоброто и да стекнувате се' поголема и поголема самодоверба како мајка.
Знаете што им треба на вашите деца? Вие им требате. Не им треба совршена мајка.
Им требате вие.
Тоа е моето признание денес.
Е да...имаме хот-дог, праски и потпечени макарони за ручек.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?