Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ти си будилникот на семејството. Твоја работа е да се разбудиш секој ден пред да пукне зората.
Секогаш труди се да ти пукнат панталоните откако ќе ја напуштите куќата. Најпаметно е да ги напомпаш образите колку можеш повеќе и да експлодираш, при што панталоните ќе ти пукнат и тоа кога твојот родител многу брза и има некаква важна средба.
Немој да правиш ништо повеќе од две минути. Мораш постојано да се движиш. НЕ ЗАПИРАЈ!
Ако сакаш да те земат во раце, спушти се на земја најниско што можеш. Ако и тоа не помага, почни да плачеш најгласно што можеш.
Ако некој се обиде да ти земе нешто, научи го на лекција: прво фрли го нештото, а потоа скокни најдалеку што можеш, потоа падни на подот и почни да преташ со нозете во знак на протест, врескај и плачи најсилно, посебно ако си во јавност.
Ако не ти се допаѓа храната која ќе ти ја послужат, фрли ја на земја од одвратност, потоа во твоите родители, а потоа во мачката и кучето. За впечатокот да биде посилен размачкај ја храната во својата коса и алишта. Кога ќе ти дадат нешто за пиење, сместа истури го во лаптопот.
Кога и да излезе можност, тероризирај ги миленичињата, за да знаат кој е главен.
НИКОГАШ, ПА ДУРИ НИ ТОГАШ не им дозволувај на родителите да чистат. НИКОГАШ! Ако некогаш фатат нешто од каде што си фрлил, веднаш фрли го повторно.
Знај дека си под контрола ако спиеш по нивниот распоред. Ако не ти се спие, не спиј, а ако некој настојува да спиеш тогаш НЕМОЈ НИКАКО! Дај се од себе за да се измориш толку многу што ќе се претвориш во злобно, мизерно, плачливо суштество. Е тоа ќе им покаже кој наредува.
Секогаш биди на вистинското место: биди пред нозете на родителите додека готват, чистат, поправаат нешто, разговараат на телефон, се подготвуваат за на работа или ако прават нешто што може да им биде важно.
Извади ги сите играчки од корпата пред да играш со нив. Ова важи и за книгите – фрли ги сите од полица и разгледувај ја таа што е најдолу. Твоја работа е да правиш голем неред! Совет: за да биде интересно, никогаш не играј со истата играчка или книга, повеќе од една минута.
Под никакви околности не дозволувај промената на пелена или учењето да вршиш нужда на нокшир да биде лесен потфат. Ако нема измет насекаде, не си успеал.
Секогаш кога ќе треба да си одиш од паркот фрли ја патиката доволно далеку за да мислат дека те киднапирале. Ако имаш среќа, ќе останеш уште 5 минути на лизгалката.
Од моментот кога ќе проодиш, не оставај повеќе да те држат. Инсистирај да одиш сам СЕКАДЕ!
Од моментот кога ќе научиш да зборуваш, НЕ ПРЕСТАНУВАЈ! Не се обесхрабрувај ако не те разбираат – што и да се случи, ти само зборувај. Не е твоја вина што луѓето се глупави и не те разбираат!
СЕ НА СВЕТОТ ти припаѓа тебе! Слободно допирај, земај, криј, крши, смачкувај или комплетно уништувај. Совет: сите телефони дома се твои – сокриј ги во бањата.
Твојата девиза е: “Фати ме ако можеш ти блесава будало.”
“НЕ” значи ДОБРА РАБОТА! Продолжи да го изговараш.
НИКОГАШ не прави нешто кога за прв пат ќе ти речат. Нека речат барем десет пати, па размисли.
16
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Зошто градинките не треба да личат на училишта?
Градинката е првото место каде детето се соочува со организирана среди...
Движењето и играта се основа за здрав раст и развој кај бебињата. ...
Како да станете самоуверени родители?
Родителството е едно од најубавите, но и најпредизвикувачките искуства...
Породување дома. Што треба да знаете?
Секоја трудница размислува за тоа каде би сакала да се породи во болни...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?