|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Moon balloons decor

Марина Кљајиќ Петковски, 27.2.2023
Балони - непогрешлива асоцијација дека големата прослава е подготвена!Мали, големи, тркалезни, во облик на срце, исполнети со хелиум, шарени, еднобојни, со натпис... изборот е голем и балоните ги има за секоја пригода
Клучни зборови:

image
/11


Без разлика дали се слави раѓање на бебе, крштевка, роденден, матура, промоција, запросување, моминската вечер, свадба... балоните ќе ја комплетираат секоја од овие прилики.

Креативните и вешти раце на Moon balloon decor создаваат волшебни украси со балони, прилагодени на приликата и темата на самиот настан, и секако, на вашите желби.

Позади овој бренд стои Милена Бошковска, мајка на малата Мина. 

Во тек се подготовките и наскоро најзначајната декорација од балони ќе блесне во Скопје, каде ќе биде отворена и продавница на Moon balloons decor. 

Понудата е достапна на територијата на целата земја.

Рингераја: Кои производи поточно ги има во вашата понуда? 

Moon balloons: Претежно работиме декорации за родендени, прослави и настани, меѓутоа во нашата понуда може да се најдат и други производи како декоративни кутии, постери за мајки и деца, картички и сл.

 

Рингераја: Колку време работите и како дојдовте до идејата?

Moon Balloon постои 2 години. Идејата била од секогаш тука меѓутоа сум немала време да ја реализирам. Пред 2 години кога ми се роди ќеркичката Мина ( од таму е и името Moon ), бевме на сред пандемија и сите затворени дома почнав со online продажба на рачно изработени држачи за цуцли и траки за коса. Со тек на време како што ни се врати животот во нормала се појавија и декорациите, првично беа на барање на мои блиски роднини и пријателки а подоцна и професионално за што ми требаше одреден период на стручна подготовка во таа област.

Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите услуги?

Moon balloons: Има доста заинтересираност, особено за декорации се случува да има и по неколку ангажмани во денот.

Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?  

Moon balloons: Кога гледам дека клиентите се задоволни од мојата работа секако дека и јас сум задоволна.

Рингераја: Производите се достапни на Инста и ФБ профилите. Ваши идни планови? Можеби некој нов производ? 

Moon balloons: Плановите за во иднина се исто како и до сега да ствараме задоволни клиенти и калко и до сега да бидеме достапни со нормални цени. Во однос на нов производ конкретно не сум размислувала до сега, меѓутоа во преговори сум со фирми надвор од државава во однос на подобрување на квалитетот на постоечките произвои и зголемување на нивниот асортиман.

 

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Moon balloons: Нема да биде лесно, ќе има подеми и падови, но доколку на крајот на денот тоа е она што вам ве исполнува вреди да се проба. Кога имаш точно одредена цел треба само да донесеш одлука и да одиш до крај.

Погледнете ја нивната понуда, пронајдете инспирација и воодушевете го славеникот и гостите на вашиот нареден настан. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Машини за перење кои штедат вода, струја и...
Вештачката интелигенција допре до домашните апарати и ги направи партнери во секојдневното одржување на домот. Со интели...
4
Кастинг за водител/ка на ТВ емисија!!!
Продукција Фајнал Фикшн е во потрага по водител/ка - ново лице на кулинарско ТВ шоу.
3
Фото: Свадбата на Наумче Мојсоски
Во Струга се раскажува дека свадбата на Наумче и Марија била многу луксузна, дека ваква веселба Струга не памети во посл...
3
Кери ќе биде строг татко
“Кери Харт е новиот татко”. Вака пејачката Пинк објави на Твитер дека има девојче. Таа и нејзиниот сопруг ја добија ќе...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Што најмногу ви одговара?