|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: ljubov_si_mi_ti

Марина Кљајиќ Петковски, 6.6.2023
Инстаграм профилот ljubov_si_mi_ti го привлече нашето внимание, а ви ветуваме дека го заслужува и вашето. Со големо задоволство ви ја пренесуваме неговата приказна

image
/11


 

Неговата креаторка Родне е голем сонувач, вљубеник и чувар на природата, мајка и сопруга.

По струка е дипломиран текстилен инж.техн. Специјалност и е конструирање и моделирање на облека. Во текстилот е скоро 15 години од кои 10 ги поминала во индустрија работејки за големи светски брендови. ”Како текстилен инж. се сметам за доста успешна, тоа што ме прави успешна во својата струка е посветеноста, истрајноста, упорноста, лубопитноста, перфекционизмот и љубовта кон работата. Интересно сега е тоа што полека се пренасочувам во друга област." - вели таа.

”Страста и љубовта кон оваа работа почна да избледуват кога се остварив како мајка. Како станав мајка, вежбајки присутност, наслушувајки ја својата мајчинска интуиција, наслушувајки го гласот и потребите на своето дете, спонтано го слушнав гласот и потребата за љубов на детето во мене. Тој глас тој повик за љубов денес ме водат во еден нов свет. Навидум нов, велам навидум бидејки овде се чуствувам како дома, бидејки овде нема страв, овде сум јас она мало гласно дете полно со идеи." - ни откри Родне.  

Рингераја: Креатор сте на интересен мал бизнис - стимулативни дрвени играчки и сензор табли. Како дојде до тоа? 

Родне: Доаѓа бебе и доаѓа нов свет. Како да не се изгубиш во новиот свет а да ја задржиш својата автентичност и да останеш присутна во ново настанатиот свет, беше прашање што ми го постави мојот психолог и животен ментор. Водена со ова прашање почнав да го создавам мојот нов свет. Креативноста, цртањето уште како дете ми беа страст, мојот голем сон како тинејџерка кој не беше поддржан од страна на моите родители. Во целата бура на нови и стари емоци во страв да не го поддржам своето дете почнав да му изготвувам признанија и дипломи за неговите успеси. Тоа малку време што ми остануваше за себе го поминував цртајки признанија. По некое време како растеше тој почнав да изработувам најразлични играчки и предмети за ран развој и стимулација на кои тој многу им се радуваше. Чудно ми беше како моите играчки го привлекуваат повеќе во однос на фабричките играчки кој изгледаа многу попримамливи од моите изработени аматерски од картон и други рециклирани материјали. По некое време сфатив дека тоа што ги прави поразлични е љубовта и енергијата со која се изработени. 

Дојде првиот роденден, актуелни се детските аранжмани балони во разни бои и форми, некоја позадина торта на истата тема. И се тоа чини премногу за мене што пред некој месец кога ми заврши породилното уште вториот ден добив отказ на работа. Што можам да направам сега за своето дете, не можам да купам скап аранжман ама можам да направам нешто сама. Си земав хартија, одбрав слика и почнав да го цртам Winnie the pooh. Задоволството стана преголемо така што во наредните недела две стигнаа и другарите тигре, прасе и магаренце кои не беа првично во план. Тогаш прв пат го слушнав детето во мене ама си го изигнорирав како и досега. По некое време син ми во чекалната на педијатар си заигра со една мала сензорна коцка, внимателно го набљудував него и коцката. Се обидов да ги изработам активностите од картон, меѓутоа запчаниците не ми успеваа и одлучив да одам на поедноставната варијанта да купам, но сакав да биде табла не коцка. Почнав да барам и не најдов сензор табла на нашиот пазар. Тоа што го имаше не ја задоволуваше мојата замисла. Дрвото како природна суровина го сметам за многу благородна и ги обожавам сите декори од дрво. Пред мајчинството слободното време го поминувавав изработувајки различни предмети од дрво. Па си помислив јас ќе изработувам дрвени сензор табли секако ги нема на нашиот пазар, а јас би уживала додека ги изработувам. Сопругот ми се изнасмеа, и успеа за брзо да ми ја тргне идеата од глава. Но идеата реши да биде упорна и секогаш кога ќе видев дрвени играчки ми се јавуваше одново и одново, потајно си мечтаеев, будно сонував. Се додека една ноќ не се разбудив некаде околу 2 ипол со истата идеа. Се разбудив и почнав да визуелизирам како имам свој мал бизнис во кој изработувам дрвени едукативни и стимулативни играчки за деца. Останав будна до осамнување и кога го видов часовникот си реков ако ти ме остави мене без спиење и јас не те оставам тебе. Во тој момент одлучив да се позанимавам со идеата и да го слушам гласот во себе. Дали бев исплашена, дали ми се јавуваше сомнеж, дали ми беше страв гласно да зборувам пред своите блиски за идеата за да не го слушнам она " Е ДА БЕ БАШ ТИ... " ооо даа , тоа што си го велев сама на себе пред огледало беше следното: Родне малечка моја јас верувам во тебе, и никој на светот да не верува јас верувам во тебе. Се јавуваше и другиот глас, онаа Родне големата, тивка и исплашена, оваа што им се воодушевуваше на сите успешни и сите што го живеат својот сон, сите што ја работат работата од своите соништа. Истата таа Родне неколку дена претходно гледаше еден подкаст во кој гостуваше една жена кој ја раскажа својата приказна и која кажа како уште од мала го носела тој талент и сонувала за тоа а денес го живее. Во тој момент си реков колку е прекрасно да го препознаеш својот талент кој го носиш со себе уште од дете. За неколку дена подоцна онаа малото гласно Родне да каже еј ти се сеќаваш ли кога имаше 10-11 години и кога играше со бебето во комшии кое не одеше па измисли стапчиња со кои му помогнаа да прооди побрзо. Зарем тоа не е твојот талент кој го имаше уште од дете, зарем не измисли сама во време кога немаше интернет производ кој го стимулира проодувањето. Во тој момент се срушија сите граници и прашањето да се обидам или не отиде во минатото. Се фатив за работа, ги изработив првите прото типови и од први мај официјало се достапни за нарачка два производи.

Рингераја: Од идеја до реализација - како изгледаше тој пат, што ви претставуваше предизвик?  

Родне: Првично ги замислувам во глава активностите, потоа ги цртам во програм кој го користам за конструкција на облека. Потоа како готови фајлови ги испраќам на второ лице за ласерско кроење. Ги добивам назад како дводимензионални парчиња. Истите ги бојам рачно со еко бои по стандарди за употреба за детски и бебешки производи. Потоа ги склопувам активностите, Основните плочи ги обработувам рачно, шмирглање и фарбање и на крај следи монтажа, односно активностите ги прецврстувам со нитни на основната табла. 

Монтажата е најголемиот предизвик бидејки безбедноста е клучна а во овој процес е многу важна, од друга страна се тоа треба да изгледа фино и нежно како и самите корисници. Со оглед на тоа дека досега со дрво се имам занимавано аматерски и не ги познавам неговите карактеристики при обработка предизвици има доста. Тестирање, проби, грешки, оштетувањеа, фрлање материјали, гледање туторијали е процес кој е невидлив а ретко кој не го поминал на почеток, а не ме поштеди и мене. Сопругот има повеќе познавање и искуство околу техничкиот дел па предизвиците со негова помош и подршка значително се намалени.

3

Рингераја: Покрај тоа што создадовте уникатен производ, посебно внимание привлекува името. Зошто баш Љубов си ми ти? 

Родне: Љубов си ми ти си дојде само по себе како што дојде и идеата. Со следење на секојдневни знаци со слушање на внатрешниот глас.

Љубов си ми ти, бидејки тоа што го создавам го создавам со многу љубов.

Љубов си ми ти, бидејќи производите се за најискрените и најчисти битија, а за кои длабоко верувам дека се чиста љубов.

Љубов си ми ти, зашто ме роди одново. А, без љубов и чиста волја нема раѓање.

Љубов си ми ти, бидејќи е песната што си ја потпевнував скоро секој ден во бременоста, а стиховите секогаш беа различни и се раѓаа спонтано според моментот.

,,Љубов ми е бепче ќе му врзам репче” е еден од тие стихови, кој си го пеев кога го дознав полот.

Кога одлучив да ја почнам оваа приказна и да го живеам својот сон, кога размислував за името. Го погледнав син ми кој во тој момент имаше репче на главата се сетив на тие стихови и реков ќе се вика ЉУБОВ СИ МИ ТИ!

Рингераја: Производите кои ги имате имат специфични имиња и приказни. Зошто? 

Родне: Што се однесува до имињата сакав производите да имат свое име, но тој дел не ми оди баш најдобро. Затоа го прашувам Методиј (син ми) и тој ги дава имињата. Досега ги поврзува со имињата на неговите другарчиња од градинка. Во иднина како ќе се викаат производите зависи од неговата фантазија.

Приказните опишуваат детски карактеристики и емоции. Целта на приказните е на нашите купувачи (генерално родителите) да ги потикнеме да ги прашаат своите најмили како се чувствуваат, што е тоа што ги прави среќни, какви се нивните чувства имаат ли боја, имат ли мирис и тн. На тој начин родителите се поврзуваат со децата, покрај поврзаноста ја стимулираат и детската фантазија. 

Како екологист и влубеник во природата не ми е сеедноо каков дом ќе му оставам на моето дете и на сите идни деца. Преку приказни и лични примери го подучувам своето дете за грижата на овој наш колективен дом односно нашата планета земја и истите ги раскажувам во тие приказни, верувам дека ќе допрат до некого а овој дом утре ќе стане малку позелен од вчера.

Рингераја: За која возраст се наменети вашите производи? 

Родне: Засега имаме на продажба само два производи сензор табла Ема и Пепе. Истите се наменти за возраст од 7м до 5г. Идеален период за користење е од 1 до 3 години.

2

Рингераја: Има ли интерес за вашите производи? 

Родне: Со оглед на тоа дека нема ни 2 месеци како се појавивме на Инстаграм и фејсбук и сеуште немаме многу следбеници интресот е голем. Дури сме изненадени од продажбата. Меѓутоа мислам дека сеуште на нашиот пазар има голем отпор кон рачните изработки. Прво поради општата финансиска политика во земјата и друго по мене позагрижувачко е мајндсетот. Кај нас како народ важи правилото, штом е домашно сигурно нешто не е како што треба, уште па и рачно изработено... 

Рингераја: Каков е процесот од нарачка до реализација? Изработувате производи по конкретни замисли на потрошувачите? 

Родне: Нарачките генерално одат преку инбокс на Инстаграм и фејсбук страните. Може да се нарачаат само производите кои се веќе објавени. 

Изработување производи по конкретни замисли на потрошувачот засега не е во план. 

Тоа што во моментов е во развој а сеуште не е објавено е производ кој ќе им даде можност на потрошувачите да ја дизајнират својата сензор табла така што ќе можат да си изберат од веќе готовите активности, ќе биде понудена и палета на бои. Активностите ќе може да се нарачуваат индивидуало а воедно ќе можат да се склопуват како еден производ и истиот да се надополнува постепено. На тој начин потрошувачите ќе можат сами да ги избираат активностите за своите најмили и да ги прилагодат според нивниот месечен буџет за играчки. 

Рингераја:Со кои предизвици се соочувате од аспект на мајчинството и водењето на сопствен бизнис? 

Родне: Не постои такво нешто како предизвик и мајчинство уште па и бизнис. Хаха Предизвици мал милион. Тоа што ми претставува најголем предивик е реорганизација на веќе постоечки план. И покрај тоа што ни требаше скоро две години со сопругот да сфатиме дека 2% од плановите кои ги имаме се реализират со мало дете е голем успех. Сеуште ми претставува предизвик хендлањето работи во вонредни ситуации како што се настинки и вируси.

Рингераја: На кој начин се стигнувате до купувачите?

Родне: Преку социјалните мрежи. Додека детски центри и институци како што се градинки ги контактирам лично.

Рингераја: Кои се вашите планови за иднината? 

Родне: Планови во поблиска иднина ни се да ја прошириме палетата на производи, каде освен сензорни табли ќе понудиме и други видови на играчки кои ќе го потикнуват раниот развојот кај децата, ќе имаат едукативен и социјално-друштвен карактер. Понатаму би сакале да имаме и едно мало катче каде ќе организираме работилници на кои ќе ги учиме децата за рачната изработка и ќе им овозможиме некој свој сон да претворат во реалност. 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
17
Насмевката - ефикасен лек за душата и телото
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, б...
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
8 начини да бидете природно убава
Секоја жена сака да биде атрактивна. Најдобар начин да изгледаме добро е ако ја засилиме и нагласиме природна убавина. Д...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?