|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Angel`s candles

Марина Кљајиќ Петковски, 14.3.2022
Моментите поминати во вашите домови, разубавете ги со пријатните мирисни ноти на декоративните, уникатни, рачно изработени свеќи од понудата на Angel's candles

image
/11


Позади овој креативен профил стои младата прилепчанка Ангела Настевска.

Љубовта кон италијанскиот јазик ја одвела на студии за италијански јазик и италијанска книжевност, но како голем љубител на уметноста, во меѓувреме открила една нова љубов - љубов кон рачните изработки, особено кон рачната изработка на свеќи. 

Рингераја: Како се роди идејата за ваков бизнис? Потребна ли беше некаква едукација или обука за истиот?

Ангела: Секогаш сум била љубител на свеќи и добар мирис, но никогаш не бев доволно задоволна од свеќите кои ни се нудат на пазарот. Во време на пандемија кога сите имавме повеќе време да се осврнеме кон себеси и нашите желби, најдов време да се насочам на идејата да си изработам неколку свеќи кои ќе го задоволат мојот вкус. Проучував, барав најразлични техники, седев со ноќи и читав како да го создадам мојот производ со кој ќе бидам среќна. Во Прилеп почнав прва, па немав од кого да учам, учев сама и се радувам што постигнав доста за оваа година колку постои мојот мал бизнис! На почеток тоа беа неколку свеќи направени лично за мене. Имаше и неуспешни обиди признавам. Но така создадов се што сега правам!  Тргнувајќи од себеси и љубовта кон мирисните свеќи, сфатив дека моите рачно изработени свеќи би биле одличен подарок за моите најблиски и почнав да правам и подарувам. Интересот и позитивните коментари беа огромни и побарувачката од ден на ден се зголемуваше па така дојдов на идеја да си создадам еден мал бизнис во кој постојано ќе се вложувам. Така настанаа Angels Candles кои веќе постојат година дена! 

 

1

Рингераја: Од што се изработуваат свеќи?

Ангела: На почеток свеќите ги изработував од парафин и мирисни масла кои се мачев да ги пронајдам бидејќи ние на пазарот во Македонија немаме воопшто избор на материјали за изработка на свеќи. Импровизирав во однос на калапи бидејќи целта ми беше да создавам уникатни производи кои често ги моделирав рачно. Како што љубовта се зголемуваше и гледав среќни и задоволни лица, така барав подобри начини за да понудам се подобар производ со нежна и богата текстура и подолгa трајност на мирисите. На тој начин го изнајдов и соиниот восок кој има одлична кремава текстура и истиот, исто така има широка намена и во козметиката, па маслото кое се топи може да се коrисти како пилинг за рацете, кој е потполно безбеден. Но за жал, голем недостаток е што не може да се најде во Македонија па јас барав најразлични начини како да го набавам тука. За изработка на свеќи користам модли кои во моментов најмногу се бараат но, за мојата свеќа биде уникатна и препознатлива, јас ставам мој печат, како на пример рачно работени цветови, цртам, користам различни техники кои сум ги учела сама или во кои сум вложила за изучување на онлине обуки, се со цел купувачот да одбере уникатна свеќа која ќе ја има само тој и ќе може да ја препознае мојата изработка!

 

angela

Рингераја: Кои производи ги има во понудата?

Ангела: Во понудата имам свеќи од соин восок на кој најмногу сум насочена, свеќи од парафин, гел восок и пчелин восок во зависност од желбата на купувачот. Работам на случајот за многу нови модели постојано додавам новитети за финалниот производ да изгледа како уникатен подарок.

 

2

Рингераја: Од каде црпиш инспирација?

Ангела: Инспирацијата ја црпам од секаде, главата ми е преполна со идеи и често ми се случува нешто да не ми излезе како треба па јас да го преобразам на крај во совршена свеќа која не сум ја ни замислила и најчесто така излегуваат моите уникатни дела.

Рингераја: По што се разликуваат рачно изработените свеќи од сериски произведените?

Ангела: По тоа и се разликуваат рачно изработените свеќи од сериските производители. Рачната изработка на свеќи не е само топење восок и истурање во калап па да чекаш да се оформи. Рачната изработка бара многу љубов, труд, време, внимание, изгорени раце, неспиени ноќи, постојано вложување во совршени материјали за на крај финалниот производ излезе беспрекорен. 

 

3

Рингераја: Како сопственик на мал бизнис, со кои предизвици се соочуваш, со оглед на фактот дека живееме во пандемија?

Ангела: Дефинитивно опстанокот на малите бизниси со кои се финансираш сам е многу тежок, особено во ова време во кое моментално живееме и на патот се појавуваат многу препреки. Најтешко е тоа што нема никакви соодветни материјали со кои работиш, а можеш да ги најдеш тука. Мораш да одбираш од тоа што има...па затоа јас како поединец сум приморана да барам материјали од секаде и тоа ме става на дополнителни трошоци.  Но, на крај пресреќна сум кога ќе видам среќно и задоволно лице и тогаш знам дека сиот мој труд се исплатил и вредел!

Им благодарам на сите кои го поддржуваат мојот мал бизнис, без Вас тој не би постоел! 

Купувајќи од моите производи изработени со многу љубов, ВИЕ ГО ПОДДРЖУВАТЕ МОЈОТ СОН!

И благодариме на Ангела за издвоеното време. Да го поддржиме заедно нејзиниот сон! Заследете го уште денес нејзиниот профил.

4

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
4
Фризерите ја открија идеалната боја на коса
Не можете да погрешите со оваа боја!
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?