Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во овој момент мајките се чувствуваат вистински игнорирани. Порано биле најважната личност во животот на детето, главниот извор на грижа и топлина и одеднаш - крај! Детето почнува да покажува силна приврзаност кон својот татко, некои дури почнуваат татковците да ги нарекуваат "мама".
Во овој момент, тоа "мама" побрзо е еквивалент на "удобност" повеќе отколку на поимот за мајка. Во оваа возраст децата се уште немаат јасно структурирано поим за женски и машки пол.
Карактеристично е децата пред 2-годишна возраст да се приврзани кон мајката. Но, во еден момент, во кој ќе почнат да се чувствуваат малку независни таткото станува примарна фигура во нивниот свет. Често овој период не трае особено долго. Тој е бурен и емоционален. Откако ќе помине не значи дека децата престануваат да ги сакаат своите татковци, само непречено се враќаат кон мајката.
Многу мајки се чувствуваат непријатно кога детето ќе почне да плаче, или кога се обидуваат да го хранат. Уште повеќе кога детето почне да вика по тато. Ова е вистински удар по самодовербата и емоциите на мајката и може да доведе до сериозни проблеми во односите на двајцата родители.
Наместо да му придавате важност на овој период и да страдате, анализирајќи ги деталите, оставете детето да се порадува на врската со својот татко. Не сите деца успеваат да изградат трајна и силна врска со своите татковци. Обично и татковците имаат вина за ваквиот развој на настаните.
Но ако вашето дете поминува низ сличен период, знајте дека нема за што да се грижите. Во никој случај не го претворајте периодот во проблем и не го прекорувајте партнерот. Оставете овој период да помине.
Обидете се со секакви невербални игри, за кои ви текне, за да останете во врската со своето дете – милувајте се, трчајте, скокоткајте го. Смеата останува универзално средство за приближување во секоја возраст! Таа го зголемува нивото на окситоцин во телото, што од своја страна ја стимулира приврзаноста.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Отитис - воспаление на уво, домашни мерки и терапија
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но ...
Анксиозност по породување - како да ја препознаете?
Постпородилниот период често се поврзува со радост, исполнетост и нов ...
Јакнење на имунитетот. Природна одбрана од инфекции
Имунитетот е нашиот прв и најважен заштитник од вируси, бактерии и дру...
Обидите за бременост не се соло патување
Обидите за бременост често изгледаат како тивка борба. Календар, тесто...
Кандида, што ја активира и како да ја контролирате?
Кандида (Candida albicans) е габа која природно живее во организмот во...