|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

До мајките на момчиња...

Редакција Рингераја, 26.11.2015
Јас сум мајка на три момчиња. Немам ќерки. Само три прекрасни момчиња. И често ги слушам следниве коментари:
Клучни зборови:

image
/11


 

Нема ли да се обидеш за девојче?
Три момчиња ... wow ... треба да си уморна.

Или слични ужасни реплики како овие:

Синот е твој син додека го дадеш на неговата сопруга. Ќерката е твоја ќерка до крајот на твојот живот.

Ми се допаѓа да сум мајка на момчиња и знам дека луѓето нема да се обидат да ме разберат, затоа овие реплики не ме загрижуваат. (Се разбира, можеби само последната ... бидејќи кој би сакал постојано да мисли дека неговите деца ќе го напуштат и никогаш нема да се вратат? Каква страшна мисла!) Овие забелешки дефинитивно не се охрабрувачки.

Неодамна, пак, слушнав коментар за моите момци, кој ми се заврти во главата и влезе право во моето срце. Тоа ме натера да се чувствувам благословена, како мајка на три сина. Јас и моето семејство појадувавме во бифе. Нормално, владееше хаос. Јас и мојот сопруг им помагавме на децата пред бифето. ("Не, не можете да ставите толку крофни во чинијата.") Трчавме нагоре - надолу со полни чинии. Го чистевме истурениот сок од портокал. Тогаш нашиот хаос беше прекинат.
Една постара жена се приближи и ми рече "Имате прекрасни момчиња." Таа се двоумеше, како да сакаше да каже уште нешто и конечно додаде: "Јас исто така имам три сина и многу ги сакам. Тие се грижат прекрасно за мене. "Го рече тоа со таква радост и гордост и продолжи да ми раскажува за своите синови и за тоа како тие се грижат за неа. Мудроста на нејзините 90 години и страста во нејзиниот глас додека зборуваше за своите синови ги допре моите емоции. Таа го заврши разговорот со  цврста изјава: "Тие се грижат подобро за мене отколку што некоја ќерка некогаш ќе може. Јас сум толку среќна. Имам тројца синови. "

Нејзините зборови беа прекрасни и инспиративни.
Ако некој ден застанам на местото на оваа жена, јас исто така ќе кажам дека моите момци се најубавото нешто за мене.

Тие веќе ги имаат силите на суперхероите и секојдневно се борат со лошите кои го посетуваат нашиот дом. Тие секогаш ќе бидат моите бранители.

Јас сум нивната омилена девојка и на многу различни начини тие ми го покажуваат тоа секој ден. Секогаш ќе биде прекрасно да ме пречекуваат дома тројца убави мажи, без разлика колку години имам. Тоа е добро за егото. Со нив наоколу никогаш нема да морам да си ја отворам вратата сама. Јас секогаш ќе бидам третирани како член на кралското семејство.

Треба да ги видите неверојатните нешта кои ги измислуваат кога градат со своето Лего или како ги ставаат своите шпионски играчки околу куќата, па да знаете што се случува во секој момент. За мене тоа се знаци на брилијантни умови, кои ќе знаат како да се грижат за себе, па и за својата мајка.

А каква енергија само имаат! Сигурно поседуваат енергија која ќе ја одржуваат цел живот.

Кога старата дама замина плачев по неа: "Ти благодарам за прекрасните зборови." Таа се сврте и погледите ни се сретнаа. Ние ги сретнавме погледите, знаејќи дека само две мајки на момци можат да се разберат и да ги надминат разликите во генерациите.
Мајки на момци ....


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 начини за зголемување на IQ на вашето дете
IQ е збор со кој се соочуваме редовно во текот на нашите животи. Како што сугерираат студиите, луѓето со поголемо IQ има...
3
Како да израснете независни деца?
Секој родител сака да го направи животот на своето дете што полесен. Но, она што ќе му го олесните денес, ќе направите д...
3
Синдромот средно дете - мит или вистина?
Ако сте средно дете или имате брат или сестра што е средно дете,или пак сте родители на три или повеќе деца, сигурно ќе ...
3
Училишен прибор за секое дете од домот 11 ...
»Рингераја семејството е и нивно семејство – растеме заедно со децата без родителска грижа! «ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – училиш...
3




Анкета

Најубаво машко име
SandraR

<3

Јован (28%)

Никола (33%)

Петар (36%)

Менде (3%)


Број на сите гласови: 366

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!