|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ова не го знаевте за Леонардо Ди Каприо

Редакција Рингераја, 1.3.2016
Леонардо ди Каприо конечно беше награден со "Оскар" за најдобра машка улога за реинкарнација во филмот "Враќање". Дека холивудската ѕвезда чекаше премногу долго време, се согласуваат и обожавателите и критичарите

image
/11


 

Не постои  човек кој не го знае Леонардо ди Каприо или кој не гледал барем еден филмски проект со негово учество. Само дел од неговите најдобри улоги се во филмовите: "Титаник", "Плажата", "Крвав дијамант", "Волкот од Волстрит", "Битие", "Големиот Гетсби", "Враќање". Листата не завршува тука, бидејќи недостигаат уште премногу наслови.

Сите знаеме и за милионите долари кои актерот ги донира за добротворни цели. Тој е приврзаник на еколошкиот начин на живот и е жесток бранител на природата. Во личен план Леонардо се уште не ја нашол својата партнерка, иако кандидатките се многу и претежно руси, голгоноги модели. Доволно е само да се спомнат убавици како Жизел Бундхен, Бар Рафаели, Тони Гарн и Кели Рорбах.

И додека ѕвездата бара својата голема љубов и ужива во признанието "Оскар", ви нудиме  28 љубопитни факти за негова личност, кои веројатно не ги знаете:

1. Мајката на Леонардо ди Каприо му го избрала тоа име, бидејќи додека била бремена и ја гледала слика на Леонардо да Винчи во музеј, идниот актер за првпат ја "клоцнал".

2. Леонардо ди Каприо посакал да се занимава со актерство, уште додека бил тинејџер. Тој израснал во сиромашен кварт, но тоа не му попречило да го следи својот сон и да оди постојано на аудиции.

3. Мајката на актерот се вика Ирмелин Инденбиркен и е родена во Германија.

4. Таткото на холивудската ѕвезда Џорџ ди Каприо е половина германец, половина Италијанец.

5. Леонардо ди Каприо зборува на состанокот на ОН во врска со климатските промени во септември 2014 година.

6. Првата појава на актерот е во филмот "Critters 3" во 1991 година.

7. Роберт Де Ниро лично го избрал Леонардо за неговата улога во филмот "Животот на момчето" од 1993 година.

8. До овој момент Леонардо ди Каприо е номиниран пет пати за најпрестижната филмска награда - "Оскар".

9. Првата номинација за "Оскар" актерот добива во 1993 година за улогата во филмот "Зошто тагува Гилберт Грејп".

10. Леонардо ди Каприо е актер со најголема заработувачка во светот, кој никогаш не се снимал во текот на филмот.

11. Леонардо ди Каприо никогаш не употребувал дрога, затоа требало да се консултира со експерти, за да се подготви за сцените во "Волкот од Волстрит. Во голема мера одбивањето на Леонардо "да скршне" од вистинскиот пат се должи на тоа дека актерот израснал во соседството, каде дрогата била буквално на секој чекор. Уште од мал Ди Каприо видел со свои очи дека забранетите супстанции не водат до ништо добро.

12. Еднаш новинар од "Time" гонарекол Леонардо здодевен, поради способноста на ѕвездата да наведува повеќе имиња на загрозени видови.

13. Актерот и неговиот колега Џон Хил гледале заедно видеа на пијани мажи на интернет, за да се подготват за улогите во филмот "Волкот од Волстрит".

14. Леонардо ди Каприо пуши електронски цигари.

15. Првичната идеја била токму Леонардо да го одигра Алан Тјуринг во "Игра на кодови". Потоа сепак изборот паднал врз Бенедикт Камборбач.

16. Кога бил на 10 години, агентот на Леонардо ди Каприо сакал тој да го смени името во Лени Вилијамс, за да звучи повеќе "американски".

17. Целосното име на холивудската ѕвезда е Леонардо Вилхелм ди Каприо.

18. Родителите на актерот се разведуваат, уште додека тој е мал. Леонардо израснал со мајка си.

19. Руски милионер платил 1,5 милиони долари за да лета во вселената во друштво на Ди Каприо.

20. Во 2009 година Леонардо и Кејт Винслет платиле за медицинската нега на последната преживеана од "Титаник".

21. Актерот може да зборува слободно германски јазик.

22. Во 2014 година Леонардо донирал 3 милиони долари за спасување на дивината во океанот.

23. Во 2013 година актерот донирал 3 милиони долари за спасување на тигри во Непал.

24. Во 2005 година жена разбила  чаша со вино во лицето на Леонардо ди Каприо. Таа била осудена на две години затвор.

25. Актерот и неговиот колега Тоби Мегваер се многу добри пријатели во животот.

26. Во филмот "Титаник" рацете кои цртаат Роуз не се на Леонардо, туку на Џејмс Камерон.

27. Ди Каприо е сопственик на приватен остров крај Белизе. Тој планира да го претвори островот во целосно еколошки одморалиште.

28. Леонардо преживува по напад на ајкула. Животот му се разминува со смртта и уште два пати - во текот на Шангај со Падобран, кога неговиот не се отвора и за време на летот, кога едниот мотор на авионот избувнува пред неговите очи и треба принудно слетување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Излечете ја кандидата со лук?!
На сите ни е познато дека лукот е волшебник кога се во прашање лекови од природата. Но дали знаевте дека лукот е феномен...
4
Близначки кои се запознале по 30 години
Оваа приказна може да Ви личи на сценарио за филм, но ова е една апсолутно вистинска животна приказна. Две сестри од Инд...
3
Се ожени Полат Алемдар
На големо изненадување на фановите, Полат Алемдар се ожени!
3
Среќен 8-ми март на сите жени!
“Без жена почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха”, рекол Бајрон.Среќе...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?