vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Но многу луѓе забележуваат дека при намалување на телесната тежина, кожата не секогаш може да се прилагоди со исто темпо. Може да стане опуштена, суво истегната или без еластичност, особено во пределите на стомакот, рацете, бутовите и лицето.
Добрата вест е дека со правилна грижа може да се зачува свежината, тонусот и цврстината на кожата без оглед на тоа колку килограми се губат.
1. Постепено слабеење, клуч за здрава кожа
Брзото слабеење често ја остава кожата без време да се „собере“.
Идеално е да се слабее 0.5 до 1 кг неделно, за да му се даде време на ткивото да се адаптира. Колку побавно и поконтролиранo се слабее, толку помала е веројатноста за појава на опуштена кожа.
2. Хидратација однатре
Кожата која е хидрирана е поеластична и помалку подложна на оштетување.
Пијте 1.5 до 2 литри вода дневно, билни чаеви без шеќер, вода со лимон или краставица.
Сувата кожа се растегнува потешко и се обновува побавно.
3. Протеините како градбен материјал за цврста кожа
Колагенот и еластинот се протеини кои ја држат кожата затегната.
При слабеење, телото ги троши побрзо.
Затоа во секој оброк треба да има: јајца, риба, посно месо, јогурт, јаткасти плодови, мешунки.
Доволниот внес на протеини помага кожата да ја задржи својата структура.
4. Нежен пилинг и масажа
Пилингот ја отстранува мртвата кожа и го стимулира обновувањето, а масажата го подобрува протокот на крвта.
Може да користите: кафе пилинг, мешавина од шеќер и маслиново масло, гранули за тело од аптека.
Редовната масажа со кружни движења го буди микроциркулацискиот систем и ја поттикнува природната продукција на колаген.
5. Користете креми и масла кои ја поддржуваат еластичноста
Најкорисни активни состојки се: колаген, хијалуронска киселина, витамин Е, масло од јојоба, какао путер, шea путер.
Овие производи ја хранат кожата и ја прават поотпорна.
6. Вежби за тонус и сила
Само слабеењето не е доволно за цврста кожа потребна е и мускулна маса.
Вклучете: вежби со сопствена тежина, ластици за вежбање, лесни тегови, пилатес или јога.
Кога мускулите стануваат посилни, кожата има подобра основа за потпора.
7. Стрпливост и реални очекувања
На кожата и треба време на регенерација. За некои промени се потребни недели, за други месеци. А грижата за кожата е континуиран процес.
Слабеењето не е само промена во бројките на вагата, тоа е промена на целото тело.
Со правилна хидратација, протеинска исхрана, нежна нега и малку физичка активност, кожата може да остане еластична, нежна и цврста, дури и во периоди на трансформација.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...