vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мораше да се убеди себеси да ги отвори очите и прва работа која ја виде беа неколку аспирини и чаша вода на масичката покрај себе. А до нив имаше црвена ружа!
Џек стана и ја виде својата облека чиста и испеглана, обесена на закачалка. Ја разгледа собата и виде совршен ред. Таков беше и остатокот од куќата. Испи еден аспирин и отиде до бањата. Се преплаши кога виде огромна модрица под своето око.
Меѓутоа забележа и порака, напишана со кармин на огледалото и отисок од усните на жена си, во другиот агол од огледалото: “Душо, појадокот е во рерна. Излегов порано да купам се што треба, за да ја направам твојата омилена вечера. Те сакам драги! ”
Џек зачудено отиде до кујната, а на масата имаше топло кафе и весници. Тука беше и неговиот син кој појадуваше.
Џек праша:”Сине, знаеш ли што се случи синоќа?”
Синот одговори:”Па...се врати дома во три часот по полноќ, пијан и избезумен. Падна преку масата и ја скрши, потоа повраќаше во ходникот и доби модрица кога удри во вратата.”
Џек збунето го праша синот:”Но како е се' во најдобар ред, кафе, ружа, појадок?”
“А, тоа! Па мама те одвлече во спалната соба и кога се обиде да ја соблече твојата облека ти викна – Остави ме жено, оженет сум!”
Да се каже вистинскиот збор во вистинско време - НЕПРОЦЕНЛИВО
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...