vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Содржи лоши масни киселини
Пржената храна е навистина вкусна, но лошите заситени масти во неа го претвораат компирот во темпирана бомба за срцето, за дијабетес и канцер. Не се сите маснотии лоши, постојат и добри, како билните масла кои го штитат нашиот организам од болести. Лошите маснотии се директно поврзани со запушување на артериите, а ги има во маргаринот и во се што пишува “делимично хидрогенизирано”. Лошите маснотии го подигнуваат нивото на холестерол во крвта, остануваат во организмот подлго и го зголемуваат нивото на триглицериди.
- Нам ни се потребни омега 3 и 6 масни кселини, а маснотиите кои ги добиваме преку помфритот само го подигнуваат лошиот холестерол. затоа е многу важно да се обрне внимание во какво масло се пржат компирите. Сончогледовото и пченкарното масло не се добар избор, а палминото и сусамово масло се многу подобри масла за длабинско пржење.
Направен е од лоши јагленохидрати
Ниеден компир в својата природна состојба не е лош за човекот, но начинот на кој го подготвуваме и јадеме е опасен. Компирот е скроб и составен е од лоши јагленохидрати. Помфритот претежно се прави од бел компир, кој во организмот брзо се претвора во шеќер. Кога во организмот ќе внесеме јагленохидрати кои брзо се апсорбираат, тие можат да се користат како енергија, или се таложат како масни наслаги. ако веднаш не појдеме во теретана, по јадењето помфрит, сигурно ќе се здебелиме.
Со што да се замени помфритот?
Помфритот заменете го со печени компири, кои се многу поздрави и убаво ќе ве заситат. Нутриционистите советуваат да ја загреете рерната, на плехот да ставите хартија за печење, па да го испечете компирот.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...