vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани,
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чиј водител е Зорица Црношија, во недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно ве поканува на Телма телевизија, да ја следите новата епизода на тема: Деца и миленичиња
Во неа отворено ќе да разговараат:
„ Домашните миленичиња на децата им помагаат и да изградат поголема самодоверба и поголема самопочит. Спротивно на некои убедувања, можат да им помогнат на нашите деца полесно да ги извршуваат своите домашни и училишни обврски. Некои велат и дека миленичињата позитивно влијаат на здравјето на луѓето, го снижуваат крвниот притисок, превенираат болести и лечат депресија.
Но, со домашните миленичиња одат и многу одговорности и обврски кои во праксата најчесто ги превземаат и онака презафатените родители. Малите деца, под 10 годишна возраст не можат сами да се грижат за домашните миленичиња, бидејќи не можат целосно да се грижат ниту за себе. Но, животните може да ги одвојат децата од телевизорот и од комјутерот и да ги извлечат надвор од дома каде што ќе запознаат нови сфери на интерес и нови хоризонти за учење.
Со животните децата ќе се соочат и со животниот циклус, како раѓање, болест или смрт и ќе научат како да се носат со таквите ситуации.
“- вели Зорица Црношија, водител на емисијата.
ОХО како продуцент на „Кој кого расте“ има за цел да ги одгатне дилемите со кои се соочуваат родителите при носењето на секојдневните одлуки- кој е најдобриот начин да се одгледаат децата.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...