|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нов роман на Габриела Давидовска Баниќ

Марина Кљајиќ Петковски, 20.6.2022
Авторката Габриела Давидовска Баниќ не почести со уште еден роман, кој веќе почна да ги освојува читателските срца

image
/11


 

Авторката Габриела Давидовска Баниќ  не почасти со уште еден роман, кој веќе почна да ги освјува читателските срца. 

Рингераја: Неодамна излезе од печат вашата втора книга наменета за македонската литературна сцена. Станува збор за делото ”Умрев за за оживеам", дело за кое читателите веќе споделуваат импресии и кое генерално го карактеризираат како роман задолжителен за секоја жена. Кажете ни нешто повеќе околу истото? 

Габриела: Така е, романот „Умрев за да оживеам“ излезе пред нешто повеќе од дваесетина дена и веќе е наречен „Роман кој треба да го прочита секоја жена“, како и „Задолжителна летна лектира за женскиот пол“, а ликот на Билјана - „Синоним за секоја намачена жена“. Јас како автор на книга која се уште е „топла“ и штотуку излезена од печат, а веќе има вакви коментари, не знам со кои зборови би го објаснила своето задоволство. Од друга страна, „Мајка од магла“, читателите ја нарекоа „книга што треба да ја прочита секој родител“. Двете се напишани и печатени со временска разлика од само осум месеци помеѓу нив, а веќе се купуваат во пакет и се нарекуваат „задолжителни четива“. Како автор, нити сум ладнокрвна, нити лажно скромна од еден таков успех. Од срце им благодарам на сите читатели кои несебично ги споделуваат со сите нас своите импресии и емоции кои во нив ги предизвикале моите романи.

Што се однесува до неговата содржина, таа во мене се создаде спонтано. За разлика од другите мои романи, особено од оние печатени во Хрватска и последниот кој за сега го имам само на англиски јазик и кој излезе пред 3 дена и само дваесетина дена по овој роман, каде што правам изненадувачки пресврти во приказните, додека го пишував „Умрев за да оживеам“ имав чувство дека создавам една навистина мирна и тивка содржина, која не крева премногу врева нити прашина. Меѓутоа, иако чекор по чекор, ликот на Билјана на почетокот и на крајот на романот остава впечаток како да се работи за две жени без никакви допирни точки помеѓу нив. Мотивот и идејата, секако се создадоа од моите лични верувања дека невозможни нешта не постојат и дека секој од нас може да си дозволи се, само не да се предаде и да престане да се бори.

Врската помеѓу Билјана на почетокот и Билјана на крајот на романот се болката, понижувањето и рушењето на најзиниот свет. Нишката заради која се случува тоталната трансформација на оваа жена е достоинството, на кое сакав да ставам акцент и сакав читателот тоа секако да го забележи. Никој од нас не бил сочуван од шамарите на животот, кои не ретко дошле преку оние преку кои најмалку сме се надевале, сметајки дека толку многу добро сме направиле за нив, што само со добро би требале да не посипуваат и само добро би требале да очекуваме од нив. Но не секогаш е така, за жал. И што тогаш? Треба ли да останеме „закопани“ или со последниот атом сила кој го имаме да се избориме и да воскреснеме? Билјана уште еднаш ќе ни покаже дека секое зло се случува за некое добро и дека Господ се може да преврти во наша корист. Додека едно семе не биде закопано, тоа не може да роди плод. Можеби не на иста тема, ама сите некогаш сме биле Билјана. „И јас сум Билјана“ - е она што сакав да го почувствува секој од читателите, без разлика на полот. Под површината на секој, ама баш секој од нас се сокриваат многу работи, потиснати од уверувањата, воспитанието, околината... Потресите во нашите животи кои толку многу болат, можат да бидат баш оние кои ќе ни направат услуга и ќе ги „одкопаат“ нашите скриени потенцијали. Секако, не секогаш само трагедиите имаат право да ги изнесат на виделина богатствата сокриени под површината на секој од нас, ама со Билјана се случи баш на тој начин, како позитивен пример и охрабрување за читателите.

Рингераја: И овојпат соработката со издавачката куќа Збор продолжува. 

Габриела: И тоа на обострано задоволство! Од излегувањето на мојот прв роман во март 2021 година, па до денес - 15 месеци подоцна кога веќе имам издадено 5 романи, безброј пати нагласив дека Господ ми праќа ангели на земјата кои несебично ми помагаат. Без сите нив, бројките во претходнава реченица немаше да постојат! Кога си на почетокот и кога единственото што знаеш е што сакаш, а не знаеш на која страна најпрво да се свртиш и од каде да почнеш, кога некој ќе ти понуди да те фати за рака и да те поведе во правец на остварување на твојот сон, е повеќе од добро дело! Токму тоа ми се случи со првиот роман овде во Хрватска, а веќе за вториот тоа беше издавачката куќа Збор и уредничката Емилија Златкова Анастасова. Истото не престана да ми се случува и со наредните 3 романи, од кои уште еден е издаден од „Збор“. Помеѓу сите нив, било издавачи или поединци, се чувтствував и водена и заштитена од сите страни. Во промоциите на книгите несебично се вклучија телевизии, радија, таблоиди, библиотеки како и поединци од двете држави. Имам најпрекрасни екипи и во Хрватска и во Македонија, и секому кому му е потребна било каква помош или совет во врска со издавање книга, може слободно да ми се обрати.

Рингераја: Со оглед на тоа што имате две книги кои веднаш станаа омилени меѓу читателите, дали размислувате за промоција во Македонија? 

Габриела: Апсолутно! Јас и моите несебични и професионални соработници ги создадовме книгите, но она што тие требаа да бидат, ги направија моите прекрасни читатели. Емоциите кои содржините на романите ги предизвикуваат кај нив, ме поврзаа со многу од нив, а тие нови пријателства посебно ме радуваат. Имајки за цел и лично запознавање со што е можно повеќе од моите читатели, кога ќе дојдам во Македонија, секако ќе имаме најмалку една промоција на која уште сега неизмерно се радувам. Сакам лично да ги изгушкам!

И двете книги се достапни на сите продажни места на изданијата на издавачка куќа Збор. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрав...
4
На кафе кај Марија Симоноска - Ковчеже отв...
Денешно друштво за кафе - муабет ни е прилепчанката Марија Симоноска, авторка на книгата поезија Ковчеже отворено со сти...
3
На кафе кај Илина Јовановиќ-Јаковчевска
Илина Јовановиќ-Јаковчевска е Скопјанка која животот ја одвел во Германија. Пишува и твори поезија од основното училиште...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Odenje vo gradinka ili cuvanje kaj baba?
Tea3030

Gradinka ili kaj baba?

Da (90%)

Ne (10%)


Број на сите гласови: 51

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!