namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Либидо, страст, копнеж, или сексуална желба се синоними кои означуваат желба за сексуална активност со партнерот. Либидото не поттикнува да стапиме во сексуален контакт со партнерот, што резултира со потомство, иако повеќето полови односи немаат за цел зачнување, туку задоволување на потребите.
Либидото силно варира од човек до човек, а осцилира и со текот на годините. Некои луѓе се хиперсексуални, што значи дека имаат нагласено либидо. Иако хиперсексуалноста може да предизвика сериозни незгоди и да биде причина за развој на полова зависност, таа во нашето општество е знак за престиж, барем меѓу мажите. На другиот крај на спектарот се наоѓа асексуалноста, односно недостатокот на либидо. Еднакво е често како и хиперсексуалноста, но за разлика од неа е непожелна и се смета за нешто срамно. Затоа често слушаме за личности кои признаваат дека имаат недостаток на сексуална желба. Асексуалноста е отсуство на сексуална наклонетост и желба за секс, но не е исто што и намерното воздржување од секс, или целибат, бидејќи тоа е постапка, а асексуалноста е состојба.
Причината за намалување или губење на сексуалната желба може да биде различна. Различни болести може да доведат до губење на сексуалната желба: хормонско пореметување, постоперативна состојба или болни синдроми. Исто така некои лекарства, како што се тие за регулирање на крвниот притисок, може да ја намалат сексуалната желба. Во овој случај потребно е да се лечи болеста која довела до губиток на сексуалната желба.
Причина за губење на сексуалната желба може да бидат нарушени односи со партнерот, па во тој случај е потребно да се поработи на проблемите во комуникацијата. Кај намалена сексуална желба, која не е предизвикана од други состојби, туку се јавува како индивидуално пореметување, постојат техники со кои може да се поттикне сексуалната желба. Прв чекор е освестување на личноста која има намалена сексуална желба. Често се случува да личноста воопшто не забележува дека сексуалната желба и е намалена. Овие личности не размислуваат за сексот и сексуалноста, не мечтаат за секс, не ги гледаат луѓето околу себе како сексуални објекти, едноставно, го занемаруваат сексуалниот дел кај себеси и другите. Најчесто нивните сексуални партнери забележуваат дека нешто се изменило, бидејќи тие се оние кои секогаш ја поттикнуваат сексуалната активност и тие кои “досадуваат” со бакнување, галење и секс.
Потребно е личноста да се поттикне на сексуално мечтаење, бидејќи заборавила на тоа. Потребно е да се поттикне да го гледа светот со сексуални очи, а во тоа може да помогнат филмови и списанија од сексуална природа. Притоа мораме да истакнеме дека на мажите и жените им се сексуално возбудливи различни теми. На мажите им е возбудлива експлицитна сексуална активност, додека на жените им се возбудливи романтични и еротски содржини.
Како и во другите ситуации каде партнерите имаат големи разлики во некоја особина, желба или заинтересираност, решението се наоѓа на половина пат. Така, првиот договор меѓу партнерите со голема разлика во сексуалната желба, треба да биде партнерот со голема сексуална желба понекогаш да се воздржува од секс (заради својата партнерка, заради мир во домот, заедничкиот живот и среќа), како што и партнерката со намалена сексуална активност понекогаш да прифати сексуална активност и кога не е премногу заинтересирана (од истите причини како и партнерот). Понатаму, партнерот со појака сексуална желба има сексуален нагон кој тешко може да се задоволи. Препорака е партнерката со намалена сексуална желба да најде начин за да ги задоволи желбите и потребите на партнерот.
Најдобро решение за обата партнери е еднакво да даваат колку што примаат, бидејќи ако едниот партнер секогаш задоволува, а другиот секогаш бара, тогаш заради ваквата нерамнотежа едниот од нив секогаш ќе биде незадоволен.
Не допуштајте различниот интензитет на сексуалната желба да биде извор на расправии меѓу Вас и партнерот, туку решете го еднакво како што би сте решиле проблем на нерамнотежа во другите желби.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?